23 Ноември, 2024
0.0335

МОЈ ДДВ: Ќе ги добијат ли граѓаните ветените 2.100 денари поврат, апликацијата се адаптира, а од март остануваат уште само неколку денови?

Објавено во: Финансии 24 Март, 2023

Добивај вести на Viber

И покрај тоа што од УЈП објавија дека граѓаните за првиот квартал наместо досегашните 1.800 денари, ќе добијат исплата од 2.100 денари, граѓаните велат дека апликацијата Мој ДДВ, не е функционална и не е адаптирана на новите измени.

Да потсетиме, Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на својот Фејсбук профил објави дека „пратениците дадоа зелено светло за измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица. Со оваа измена се овозможува зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје. Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата #МојДДВ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2023 година“ објави таа. 

Сепак, на граѓаните не им е јасно како да скенираат, бидејќи,кога ќе ја отворите апликацијата, секоја скенирана сметка,што е над лимитот од 1.800 денари,ја покажува во надмината состојба со црвена боја. Така, остава впечаток дека залудно скенирате сметки, иако износот од повратот се пресметува над тие 1800 денари.


Од Управата за јавни приходи, велат дека граѓаните ќе ги добијат ветените 2.100 денари, и дека треба време да се усогласи апликацијата. - Законот за измена и дополнување на Законот за враќање на дел од ДДВ за физички лица беше изгласан во Собранието на РСМ во понеделникот на 20 Март 2023 година. Согласно истиот на граѓаните почнувајќи од првото тримесечје за 2023 година, односно, со скенирање на сметките од јануари 2023 година може да им се исплати максимален износ од 2100 денари. Законот се уште не е објавен во Службен весник на РСМ , но апликација веќе се прилагодува и истата ќе се применува согласно новите законски измени. Апликацијата во ниту еден момент не ги отфрла сметките кога износот за враќање се достигне до 1800 денари, и истата покажува вкупен поврат на ДДВ и надминат износ. Откако апликацијата ќе се прилагоди износот што стои во полето надминат износ ќе премине во полето вкупен износ. Граѓаните може да продолжат со скенирање на сметките до исполнување на максималниот износ од 2100 денари како што беше и најавено на почетокот на оваа година- велат од УЈП.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?