„МОЛДАВИЈА АКО ЈА ЗАГРОЗИ БЕЗБЕДНОСТА НА НАШИТЕ ВОЈНИЦИ, ЌЕ ГО СМЕТАМЕ ЗА НАПАД НА РУСИЈА“: Лавров и се заканува на Молдавија

Објавено во: Свет 02 Септември, 2022
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави
дека Москва ќе ја смета секоја акција во која ќе почувствува закана за своите
војници во Придњестровје како напад врз Руската Федерација.
„Таму (во Придњестровје) се нашите мировни сили. Таму е нашата армија која го чува најголемото складиште за муниција во Европа. Секој треба да разбере дека секоја акција што ќе предизвика закана за безбедноста на нашите војници ќе се смета во согласност со меѓународното право како напад врз Руската Федерација, како што беше случајот во Јужна Осетија кога Саакашвили ги нападна нашите мировни сили“, рече Лавров.
Тој, исто така, тврди дека „русофобијата се наметнува“ во Молдавија.
„За жал, гледаме како раководството на Молдавија флертува со Западот. Провокативната природа на всадувањето русофобија е очигледна таму, исто како и во Украина“, рече шефот на руското МНР.
ФОТО: EPAМожеби ќе ве интересира
Жртви и над 150 повредени во земјотресот во Авганистан

(ВИДЕО) Земјотрес во Авганистан ги потресе и Пакистан, Киргистан, Туркменистан, Узбекистан и Индија

БАБА ЈА ПРОДАВА КУЌАТА ВО КОЈА ЖИВЕЕЛА 102 ГОДИНИ: Ja купила за 200 фунти, а сега може да добие 200.000 евра

Захарова: Некогаш убавата вестерн „градина“ целосно избледе, можеби им недостига руско ѓубриво

Објавен новиот план на ЕУ за забрана на дизелашите и бензинците

НЕКОГАШ НА ВРВОТ НА СВЕТОТ, ДЕНЕС ИМ СЕ ЗАКАНУВА ЗАТВОР - Путин и Трамп во судир со законите

НАД 200 ЛУЃЕ УАПСЕНИ ВО ПАРИЗ - Изгласаната доверба во владата на Макрон поттикна нови протести (Видео)

ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО АПСИ ПУТИН? Еве кои земји немаат обврска да го уапсат

ПО ШЕСТ ГОДИНИ ЗАЛОЖНИШТВО КАЈ ЏИХАДИСТИТЕ, ВЧЕРА КОНЕЧНО ПУШТЕН НА СЛОБОДА: Американски хуманитарец бил киднапиран во 2016 година!
