„ПОЛСКА СТАНА ЛЕГИТИМНА МЕТА“: Москва ја предупреди Варшава за новата американска ракетна база во близина на границата со Русија!
Објавено во: Свет 21 Ноември, 2024
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изнесе вознемирувачки тврдења за новата американска ракетна одбранбена база во Полска. Според неа, оваа база претставува „очигледен потенцијал“ за ослабување на Русија и таа е додадена на листата на можни цели за руските сили. Захарова истакна дека ракетната база во Полска одамна е на приоритетната листа за потенцијални напади, кои, според неа, би можеле да се изведат со употреба на широк опсег на најново оружје.
Захарова истакна дека отворањето на ракетната база во Полска претставува „уште еден отворено провокативен чекор“ во серијата акции на Америка и нејзините сојузници во НАТО кои длабоко ја дестабилизираат ситуацијата. Оваа изјава дополнително ја нагласува и онака напнатата ситуација меѓу Русија и Западот, особено во контекст на военото присуство и активности во Источна Европа.
Новата ракетна база на САД се наоѓа во Реџиков, кој е оддалечен само околу 190 километри од руската граница. Овој факт дополнително ги зголемува тензиите и загриженоста во руската политичка сфера, имајќи предвид дека новата воена инфраструктура се наоѓа толку блиску до нивните граници.
Да потсетиме, Захарова денеска предупреди дека испраќањето сили на НАТО во Украина ќе доведе до катастрофални последици за целиот свет и ќе го означи влегувањето на алијансата во војната против Русија.
Таа ја коментираше изјавата на естонскиот министер за надворешни работи Маргус Чакна, кој повика на испраќање воени сили од европските земји во Украина со цел да се „зајакне“ мировниот договор со Русија, пренесе Тас. Захарова нагласи дека присуството на трупите на НАТО на украинска територија ќе биде „еден од клучните чекори кон ескалација на конфликтот“ и ќе има сериозни последици за Европа и остатокот од светот.
Фото: Принскрин/Твитер
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.