19 Декември, 2025
0.0523

МОЛК ОД ЕВРОПА: Унгарија негира дека му помогнала на Груевски, зборовите на Вучиќ кажуваат нешто друго

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2018 09:58

Добивај вести на Viber

Ниту една земја на ЕУ не го покрена прашањето за Никола Груевски, вели унгарскиот министер за надворешни работи, Питер Сијарто.

Како одговор на прашање, Сијарто вели дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски изразил желба да аплицира за азил во амбасада на Унгарија, но унгарската влада немала никаква улога во неговото доаѓање.

Тој посочува дека унгарските власти најпрво го разбрале случајот во една од соседните земји на Македонија и дека Груевски "целосно дојде во Унгарија во согласност со релевантните национални и меѓународни закони и сите премини преку границите се легитимни“.

Унгарските власти, врз основа на безбедносните мерки, одлучија да ја разгледаат неговата апликација за азил во централната канцеларија на Бирото за азил во Будимпешта, рече министерот за надворешни работи на централноевропската земја.

Како што рече тој, ниту еден колега од ЕУ не го постави прашањето во понеделникот.

Сијарто ќе одржи билатерални разговори со македонскиот министер за надворешни работи на самитот на НАТО во Брисел на почетокот од декември.

"За Унгарија, поддршката на Македонија не е прашање на партиска или државна симпатија", рече тој и го потврди ставот на Владата дека Груевски не е политичко, туку правно прашање.

Истовремено српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека Груевски поминал низ Србија со редовни документи. 

Според Вучиќ "вистинското прашање е, како Груевски ја напуштил Македонија и дали во тоа време тој бил баран или не?" 

"На 11 ноември во текот на ноќта, меѓу 1:00 и 2:00 часот, немаме официјална информација за ова прашање, Груевски влегува на територијата на Албанија. Таму тој се легитимира, заедно со уште двајца Унгарци ... Потоа влегува во Црна Гора преку граничниот премин Божај, повторно со редовни документи и со пропусница, која е издаден од унгарската амбасада во Тирана", рече уште Вучиќ во синоќешна ТВ емисија и појасни: "потоа на 11 ноември влегува во Србија со редовна лична карта, придружуван од истите две лица. На 12 ноември во 5:11 часот лицето ЈА напушта Србија преку граничниот премин "Хоргош" со лична карта и придружуван од двајца луѓе со дипломатски документи и дипломатска кола ".

Во тоа време немало меѓународен налог за апсење. На 13 ноември, во 19:55 часот, наредба издаде канцеларија на Интерпол во Скопје. Накратко, ако го спречивме Груевски, тоа ќе значи киднапирање од наша страна, истакна Александар Вучиќ

Во меѓувреме, еден од адвокатите на Никола Груевски, Еленко Миланов, на телевизија Телма изјави дека бил контактиран од поранешниот македонски премиер. 

Адвокатот рече дека судот и Министерството за внатрешни работи биле информирани за овој разговор. Го знаат и бројот на Груевски и сè што е на телефон на неговиот адвокат. 

Телефонскиот разговор меѓу Груевски и Миланов се случил на 13-ти декември. Ова е истиот ден кога поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук објави дека избегал во Унгарија за да побара засолниште. Двајцата, освен разговорите, исто така, комуницираа преку СМС.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица