МОН го забрани „курсот“ за медицински сестри, нема повеќе вонредни уписи
Објавено во: Македонија 22 Март, 2023 09:41
Министерството за образование и наука испратило допис до средните училишта во државава кои имаат насоки од здравствена струка повеќе да не запишуваат ученици вонредно
Ова од министерството го потврдиле за МИА со кратко објаснување дека е во прашање национален интерес.
Средните стручни училишта се задолжени оваа пракса да ја стават во мирување.
Инаку, најчесто заинтересирани за вонреден упис беа кандидати со завршено средно образование, кои се преквалификуваат со намера да стекнат диплома во овие области и да конкурираат за работа во странство.
Досега вонредно можеше да се заврши средно образование за медицинска сестра, фармацевтски техничар и за други профили од здравствена струка.
-МОН испрати допис до сите училишта во кои се реализира здравствена струка, дека запишувањето вонредни ученици се става во мирување. Одлуката е донесена во насока на заштита на националните интереси, а согласно анализа на состојбите на пазарот на трудот, велат од МОН за МИА.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




