Монако се проширува 6 хектари на море за да се изгради нова елитна населба

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2023
Идниот луксузен кварт во срцето на Европа ќе се гради буквално „на море“: Цената оди до 120.000 евра за метар квадратен.
Проектот наречен Маретера, кој ќе додаде уште шест хектари на градот-држава Монако на Медитеранот, ќе биде завршен за една година, осум месеци пред договорениот рок, компанијата Anse du Portier, промотор на проектот вреден две милијарди евра, соопшти во понеделникот.
Малото кнежевство со вкупна површина од 2,03 км2 и население од 39.000 веќе се проширило на 40 хектари кон морето во 1950-тите, но последниот проект започнат во 2015 година е неспоредлив, дури и кога се споредува со зградите на Блискиот Исток, благодарение на строги сеизмички и еколошки правила, а и поради длабочината.
Идниот луксузен кварт ќе се гради буквално „на море“, поточно на подводен насип длабок 50 метри. Лоциран веднаш до Форумот Грималди, конгресниот центар на Монако, вклучува пет згради, вкупно 130 станбени единици и десет вили.
Луксузниот станбен комплекс го дизајнираа италијанскиот архитект Ренцо Пиано и компанијата Vallode et Pistre. Продажбата на недвижен имот не е проблем. Досега се продадени речиси сите станбени единици. АФП пишува дека цената на квадрат во Монако може да биде и до 120.000 евра.
Допрва треба да се доизградат градините кои ќе се раззеленуваат, а населбата ќе има шеталиште покрај море, мало пристаниште и парк достапен за секого.
„Маретера е исклучително достигнување за Монако“, рече Ги-Томас Леви-Сусан, директор на Anse du Portier, кој ги обединува приватните инвеститори и монархо-кнежевните семејства.
„Затоа, можам да кажам дека морето е нов терен што треба да се освои, но не смееме да го уништиме“, рече тој.
Леви-Сусан посочува дека во новоизградената станбена зона, која ќе се наоѓа помеѓу два подводни природни резервати, на карпи и вештачки гребени, се пресоздадени нови живеалишта за флората и фауната.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
СИТЕ САКААТ ДА БИДАТ „ФРИЛЕНСЕРИ“ - Кои се предностите на „гиг“ економијата

ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ПЛАТЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН - „Крејон Македонија“ ја доби првата „сочна“ исплата за сајбер одбраната по новиот договор

„Вози Мишко“ од јули до септември! 74.000 Македонци избрале автобус на летување на море и шопинг во странство

Бислимовски: Од утре официјално дневна евтина тарифа за струја

Генерали инвестментс: Црн петок и продажба од 9,8 милијарди долари во САД ?️

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ТОНЕ ПОРАДИ ЕДЕН МНОГУ ВАЖЕН ФАКТОР: Недостиг има кај 80 отсто од компаниите

Ниту небото не е лимит за нив! Во која државна фирма просечната плата изнесува 2.500 евра?

УЈП со решенија за осум блокирани сметки на компании кои не платиле солидарен данок
