05 Декември, 2025
0.0481

МОНИТОРИНГ НА ММФ: Кои земји, колку се задолжени, каде е Македонија?

Објавено во: Финансии 22 Април, 2014 08:33

Добивај вести на Viber

Земјите со ниски приходи како и економиите во развој продолжија да го зголемуваат фискалниот дефицит. Минусот во буџетот, кој практично значи долг на земјата, останува значително над  нивоата регистрирани пред почетокот на финансиската криза. Ова се констатира во Извештајот на Меѓународниот Монетарен Фонд посветен на фискалниот мониторинг. Според најновите прогнози на ММФ, Македонија се вбројува во групата на земји со “умерена“ задолженост но со тенденција на раст на долгот на Општата Влада. Така, според проценките на ММФ долгот годинава треба да се оддржи на ниво од 36,3% од БДП. Во годините што следуваат ММФ предвидува натамошен раст, кој во 2019 та ќе достигне 37,5%. Од земјите во опкружувањето, Македонија е подобра од Србија, Хрватска и Босна и Хрецеговина,  а позадолжена од Бугарија. Како котира Македонија во однос на регионот?  Македонија е  во групата на земји со умерен долг, но во исто време со тенденција тој во континуитет да расте. “Фактор“ преку споредба на податоците од последниот “Извештај за изгледите на глобалната економија“ на ММФ, анализира како котира Македонија во однос на другите земји од регионот според нивото на задолженост. Еве колку изнесуваат долговите на владите во регионот: Босна и Херцеговина – според оценките на ММФ Босна годинава ќе има ниво на долг од 42,3%. Прогнозите упатуваат на намлување на долговите во годините што следуваат, па така до 2019 та година стпката на долг на Општата влада треба да се намали на 34,1% од БДП. Во исто време пак босанската економија се очекува да расте со побрзо темпо, по што за пет години растот на БДП ќе изнесува 4%, речси исто како и прогнозата за Македонија. Албанија – Нашиот западен сосед, според проекциите на ММФ е со повисоко ниво на задолженост, годинава од 71,6%. Долгот на Општата Влада е со тенденција на намалување, па така во 2016 та тој ќе се спушти под 69% а во 2019 та на 61,4%. Албанија, по членството во НАТО влезе во кредитни задолжувања за поддршка на инфраструктурни и енергетски прокети. Хрватска – Според проекциите на ММФ оваа 2014 та година треба да биде последна кризна година за оваа европска економија од Балканот. Иако за Хрватска се предвидува економско опоравување и намалување на невработеноста, долгот на Општата влада ќе расте. Годинава Хрватска ќе ја заврши со долг од 64,8%, во следните неколку години оваа стапка умерено ќе расте до 68,1% во 2019 та година. Грција – Строгите реформи кои требаа да донесат буџетски заштеди, според прогнозите на ММФ позитивно ќе се рефлектираат и врз должничката позиција на земјата. Годинава долгот на грчката влада ќе изнесува 174,6% со темпо на натамошно намалување кое во 2019 та година грчкиот долг треба да го сведе на 146% од БДП. Во исто време, според прогнозите на ММФ, во следните пет години грчката економија ќе испорача  раст што ќе се движи меѓу 2,9% до близу 4%. Србија – Влегува во групата на земји чиј долг на Општа влада ќе расте во годините што следуваат. Така, според оценките на ММФ, годинава Србија ќе генерира долг од 69,7% од БДП, кој ќе расте и во 2019 та ќе достигне 83,6%. Во исто време ММФ предвидува дека српската економија ќе расте со позбрзано темпо, па така од сегашните 0,9% во 2019 та година ќе испорача раст од 4%, слично како и Македонија. Бугарија – Важи за земја со пониски стапки на задолженост. Според проценките на ММФ, годинава стапката на долг на Општата влада во оваа европска економија ќе изнесува 21,6% од БДП. Во годините што следуваат Бугарија ќе го намалува долгот кој во 2019 та ќе се сведе на 19,8% од БДП. Сепак, во ова мерење на ММФ се опфатени бруто - долговите на Општата Влада, но не и вкупните јавни долгови на земјите.  Во неодмнешната оценка на Бордот на директори на фондот, посветена на начинот на кој се трошеше Кредитната линија за претпазливост, беше посочено дека вкупниот долг на Македонија веќе во 2018 та година  ќе надмине 40% од БДП. Иако лидерството и експертите на ММФ за годинава прокетираа оптмизам за глобалната економија, тие предупредија и на ризиците.  Клучните препораки ги лоцираа во структурните реформи и фискланата  консолидација. “Земјите кои влегуваат во групата на пазари во развој или во неразвиениете пазари, особено оние што имаат висок долг, треба да го намалуваат буџетскиот дефицит“, порача неодамна директорката на ММФ Кристин Лагрд. Слична порака има и во Извештајот за фискалниот мониторинг. “Во напредните економии, неодамнешните  потези придонесоа за стабилизирање на стпаките на јавен долг, но на среден рок изгледите сеуште се неизвесни и долг останува на историски највисоки стапки. Фискалната слабост се зголемува и во “новите пазарни економии“ и земјите со ниски приходи, иако во повеќето случаи таму станува збор за сешуте релативно умерено ниво на задолженост. “ – пишува во Извештајот на ММФ и се препорачува фисклана консполидација која нема да го загрози економскиот раст.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката