16 Јануари, 2025
0.0256

MOРАМЕ СО СЕТА СИЛА ДА ЈА СКРШИМЕ ГАЗА: Израелски министер се закани со уништување на Хамас

Објавено во: Свет 02 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Мораме со сета сила да ја скршиме Газа, без компромис, без договор, вели израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир.

„За доброто на децата кои сè уште не се вратени, за убиените кои нема да се вратат, за спречување на повторување на ужасите од октомври – мораме да се вратиме и со сета сила да ја скршиме Газа, да го уништиме Хамас и да се вратиме во Појасот. Без компромиси, без договори, со максимална сила“, кажа министерот. 

Израел за прекинот на примирјето го обвини Хамас, наведувајќи дека не се придржувал до договорот, додека палестинската организација ја префрли одговорноста на Западот. Владиниот кабинет за медиуми во Газа, под контрола на Хамас, ги обвини Соединетите Американски Држави и меѓународната заедница за продолжувањето на борбите во Газа.

Министерството информира дека САД и меѓународната заедница „ја сносат одговорноста за злосторствата на израелската окупација и продолжувањето на бруталната војна против цивилите, децата и жените во Газа“. Во соопштението се наведува дека Палестинците имаат право да се бранат со сите средства и да воспостават палестинска држава со Ерусалим како главен град.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави дека САД, покрај разговорите за актуелната војна меѓу Израел и Хамас, се фокусирани и на планирање за „денот утре“ во Појасот Газа и дека за тоа разговарал со арапските колеги во Дубаи.

Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ денеска објави дека израелските власти добиле разузнавачки информации за борбениот план на Хамас за нападот на 7 октомври повеќе од една година пред тој да се случи.

Масакрот на Хамас на 7 октомври беше „само проба“, се закани во четвртокот водачот на исламистичката група од Газа, Јахја Синвар.

foto EPA

Можеби ќе ве интересира

„НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА ШТО Е ШАБАТ, ДОАЃАМ: Како само со еден разговор човекот на Трамп го „заузда“ Нетанјаху

„НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА ШТО Е ШАБАТ, ДОАЃАМ: Како само со еден разговор човекот на Трамп го „заузда“ Нетанјаху

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

БАЈДЕН: Зголемете ја потребната хуманитарна помош за палестинските цивили и повторно обединете ги заложниците со семејствата

БАЈДЕН: Зголемете ја потребната хуманитарна помош за палестинските цивили и повторно обединете ги заложниците со семејствата

(ВИДЕО) ВО ГАЗА И ТЕЛ АВИВ СЕ СЛАВИ: Ги израдува веста за примирјето

(ВИДЕО) ВО ГАЗА И ТЕЛ АВИВ СЕ СЛАВИ: Ги израдува веста за примирјето

НЕТАНЈАХУ ВЕЛИ ДЕКА ИМА УШТЕ НЕКОЛКУ КЛАУЗУЛИ: Очекува финализирање на договорот со Хамас во следните часови

НЕТАНЈАХУ ВЕЛИ ДЕКА ИМА УШТЕ НЕКОЛКУ КЛАУЗУЛИ: Очекува финализирање на договорот со Хамас во следните часови

ЗАЛОЖНИЦИТЕ ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ: Трамп е задоволен што Израел и Хамас се договорија за примирје

ЗАЛОЖНИЦИТЕ ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ: Трамп е задоволен што Израел и Хамас се договорија за примирје

ИМА ЧИСТ ВОЗДУХ И ВОДА: По што друго е познат Гренланд?

ИМА ЧИСТ ВОЗДУХ И ВОДА: По што друго е познат Гренланд?

(ВИДЕО) ОВА ПОТТИKНА БУРНИ РЕАКЦИИ: Пратеничка му ја бакна раката на Ердоган и доби 200 лири

(ВИДЕО) ОВА ПОТТИKНА БУРНИ РЕАКЦИИ: Пратеничка му ја бакна раката на Ердоган и доби 200 лири

Еди Рама на колена и честиташе роденден на Џорџа Мелони, еве каков поклон и подготви (ВИДЕО)

Еди Рама на колена и честиташе роденден на Џорџа Мелони, еве каков поклон и подготви (ВИДЕО)