16 Декември, 2025
0.1385

Морбилите нема да поминат толку лесно, виновни ли се родителите што не ги вакцинираат децата

Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2019 07:24

Добивај вести на Viber

Епидемијата со морбили нема да пројде туку така, предупредуваат епидемиолозите.

Три жртви од мали сипаници за неколку дена и неколкумина нови заразени. Каде лежи вината? Дали кај родителите?

Лекарите постојано апелираат на вакцинирање на децата но очигледно дека сипаниците го осипаа јавното здравство.

Епидемијата беше прогласена во почетокот на јануари, а првите случаи се појавија уште во декември лани.

Сепак, во последните неколку денови ширењето на епидемијата е забрзано, а од 2 до 9 февруари се регистрирани новозаболени 58 лица од кои 54 се само во Скопје.

Анализата на надлежните направена во половината на декември лани, покажала дека не се вакцинирани околу 15 000 деца помлади од 16 години, па тогаш, во кампањата која е покрената се ваквинирани повеќе од 6 100 деца.

Жарко Караџовски прстот за оваа епидемија го впери во родителите.

Како што кажа тој, тие биле одговорни за  судбината на своите деца а потенцираше дека епидемијата на морбили ќе продолжи се додека не се вакцинираат или имунизираат 90% од граѓаните.

Во последните години се посилно антивакцинално лоби владее во регионот, а и кај нас од година в година расте бројот на родители кои одбиваат да ги вакцинираат сопствените деца. 

Најголем виновник за одбивноста на родителите според познавачите е токму Интернетот каде родителите може да прочитаат секави непоткрепени текстови.

Повеќето од нив се збунети и дезинформирани со информациите кои се пласираат преку социјалните мрежи и форуми, како и преку меѓусебните разговори на младите родители, неодамна во интервју за Фактор предупреди и актуелната директорка на Клиниката за детски болести и имунолог Катарина Ставриќ која открива дека од следната година ќе бидат воведени уште две задолжителни вакцини за пнеумокок и за рота вирусна инфекција кои ќе се спроведуваат во првата година. Со тоа Македонија ќе се изедначи со вакциналните календари на европските земји. 

„Мора да се нагласува постојано дека не сите информации кои родителите ги добиваат преку интернет се точни. Многу често се пласираат бомбастични информации за вакцините кои не се вистинити. Сепак ние лекарите работиме медицина која се базира на научни докази. Давање на медицински поткрепен одговор на сите нивни дилеми, стравови и разјаснување со стручно поткрепени податоци е најдобриот начин да се справиме со негативната кампања која владее во однос на вакцините“, вели проф.др. Ставриќ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“