МОСКОВСКА БЕРЗА: За колку рубљи се тргува доларот?
Објавено во: Економија 21 Ноември, 2023
Се опоравува руската валута која претходно изгуби од вредноста. Руската рубља e најсилна во однос на доларот и еврото од крајот на јуни.
Руските извозници се подготвуваат за периодот на плаќање данок и им се закануваат високи казни ако одбијат да ја продадат заработката во странска валута, објави Комерсант.
Податоците на Московската берза, покажуваат дека американскиот долар денеска во 14 часот се тргуваше за 88,03 рубљи, а еврото за 96,42 рубљи.
Аналитичарите велат дека до крајот на месецот курсот на доларот може да се намали меѓу 83 и 85 рубли за долар.
На 27 октомври Банката на Русија ја зголеми референтната каматна стапка за 200 базични поени на 15 отсто и во таа прилика констатира дека инфлациските притисоци во Русија се искачиле над очекувањата.
Централната банка на Русија најави дека со оваа мерка сака да ја потисне инфлацијата до четири проценти во 2024 година.
Откако почна војната во Украина, рубљата повеќепати имаше падови.Во август годинава руската валута беше рангирана во трите најслаби на светот.
foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.