Москва: САД, Украина и Полска веќе рекоа дека ќе сторат се за Северен тек 1 и Северен тек 2 да не работат
Објавено во: Свет 02 Октомври, 2022
Русија која е мнозински инвеститор во изградбата на „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ вели дека технички можат да се поправат, но за тоа ќе бидат потребни многу време и пари.
Ова го изјави рускиот вицепремиер Александар Новак, но прво вели дека треба да се разјасни кој е виновен за саботажата на гасоводите.
– Вакви инциденти досега немало. Секако дека има технички можности за обновување на инфраструктурата, но за тоа е потребно време и соодветни средства. Сигурен сум дека ќе се најдат соодветни можности, рече тој.
Високиот функционер „индиректно“ ги посочи САД, украина и Полска за четири експлозии по кои гасоводите сега се вон функција.
– До денес, пред сè, потребно е да се открие кој го сторил тоа, а ние сме сигурни дека некои земји кои претходно го искажаа својот став, се заинтересирани за ова. Тогаш и САД и Украина и Полска рекоа дека „тие ќе направат сè за таа инфраструктура да не работи“, така што, се разбира, тоа треба сериозно да се реши“, додаде Новак.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.