Мост регистрираше неправилности, имало и сликање на ливчиња
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2016 10:04
Гласачкото место 1036 во општина
Куманово е отворено со 15 минутно
задоцнување, регистрирала невладината Мост.
Избирачкото место 2210 во општина Велес е отворено со 30 минутно
задоцнување поради тоа што немало
електрична енергија.
„Досега, забележано е: ГМ 1580/1, општина Радовиш, еден гласач го фотографирал гласачкото ливче со мобилен телефон. Избирачкиот одбор не забележал и не реагирал. ГМ 2556, општина Ѓорче Петров, еден гласач го фотографирал гласачкото ливче. Повикана е полиција. Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, отворена е бесплатната телефонска линија 080 080 080, а истото може да го сторат и преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk. Напоменуваме дека тајноста на гласот е загарантирана и апелираме до избирачките одбори да ги информираат гласачите дека се гласа само со заокружување, со пенкало со сино мастило“ - велат од Мост.
Сите потврдени информации од
набљудувањето на денот на изборите,
како и излезноста на гласачите, Мост ќе
и ги соопшти на јавноста на уште три
конференции за јавност и тоа во 11 часот,
во 14 часот и во 19 часот, а дополнително
ќе биде објавен терминот на последната
конференција на која ќе бидат соопштени
резултатите од ПВТ програмата за
одѕивот и распределбата на мандатите, додаваат од МОСТ.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




