Добивај вести на Viber
Од секој потрошен лев за филм во земјата, меѓу 19 и 20 центи влегуваат во буџетот.
Тоа значи дека речиси 20% од инвестираните средства влегуваат директно или индиректно во бугарскиот буџет. До овие резултати дојде тим од експерти кои направија студија за тоа каков е фискалниот ефект од реализацијата на странски филмски продукции во Бугарија, или какви се буџетските приходи од снимањето на една филмска продукција во Бугарија.
„Бугарското законодавство нема утврдени даночни олеснувања за снимањето на филмови во земјата“ - изјави за време на бизнис платформата на Меѓународниот Софија Филм Фест, даночниот консултант од Global Tax, Валери Колчев.
Бугарија може да земе пример од голем број европски држави кои нудат олеснувања во оваа сфера, но и од Македонија, сметаат познавачите.