16 Декември, 2025
0.1325

Mожности за стипендии од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд

Објавено во: Мои пари 12 Април, 2016 11:47

Добивај вести на Viber

Започна кампањата на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ за стипендирани студии за академската 2016/2017 година. Можности за стипендии има многу, а стипендиите се нудат на додипломско и постдипломско ниво преку локалната канцеларија на Универзитетот во Скопје. Во исто време, во тек е и отворениот конкурс за стипендии за извршните МБА студии „Борис Трајковски” овозможени од Министерството за образование и наука на Република Македонија.

City College, University of Sheffield_1

Континуираната и долгогодишна соработка на Универзитетот со институциите во Република Македонија и основните принципи на работа на Универзитетот Шефилд се клучни мотиви за подготовката на овој тип кампања и отворање можности за што поголем број кандидати да се стекнат со академско искуство преку еден од најдобрите образовни системи во светот! Преку ваквата соработка се реализира и една од главните цели на Универзитетот, интернационализацијата, односно поддршката за развој на регионот, преку соодветна понуда на стипендии за сите заинтересирани кандидати кои би сакале да го надградат своето образование.

Покрај интернационализација на квалитетното образование, Универзитетот Шефилд се залага и за истражувачката работа, поконкретно во Југоисточна Европа, како основа на едукацијата и иновациите, и за индивидуализираната грижа за секој студент.

City College, University of Sheffield_3

Универзитетот Шефилд од Велика Британија припаѓа на 1% од најдобрите универзитети во светот, рангиран на 80 место, односно на 28 место во Европа, според ранг листата QS. На Меѓународниот факултет, Сити Колеџ во Солун, кој е составен дел од Универзитетот, студентите имаат можност да аплицираат за студиски програми во делот на Психологија, Компјутерски науки, Бизнис, администрација и економија, и Англиски јазик.

Повеќе информации се достапни на (02) 3064 533 или на www.citycollege.sheffield.eu

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“