МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ ПАРКИНГ СО QR КОД: ПОЦ со нови измени
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2025 13:48
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, на ден 29.10.2025 година успешно реализираше поставување на нови информативни табли со современ дизајн и вграден QR-код кој овозможува едноставно и брзо плаќање на паркинг услугата со платежна картичка.
Во рамки на напорите за дигитализација и модернизација, претпријатието денес започнува со замена на сите информативни табли со нов, модерен дизајн, како и поставување дополнителни табли за подобра информираност и полесна ориентација на корисниците.Новите табли содржат јасно означени податоци за зоните, тарифите и начинот на плаќање, а QR-кодот овозможува директен пристап до безбеден систем за електронско плаќање, без потреба од најава, регистрација или испраќање SMS порака.
Со едно скенирање, корисниците можат брзо и удобно да ја извршат уплатата, што претставува чекор напред во модернизацијата на услугите за паркирање во oпштина Центар.
„Воведувањето на QR-код системот е дел од нашата стратегија за дигитализација и поедноставување на услугите за граѓаните. Со ова решение, секој возач може за неколку секунди да го плати паркирањето без апликации, без регистрации и без дополнителни чекори. Нашата цел е да обезбедиме модерно, ефикасно и кориснички ориентирано паркирање во oпштина Центар,“ изјави Душко Коцевски, директор на ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Овој проект е дел од континуираните активности на ЈП ПОЦ за унапредување на јавните услуги, подобрување на искуството на корисниците и воведување на иновативни дигитални решенија во интерес на граѓаните и посетителите на општина Центар.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




