Муареми тврди дека претресот бил тенденциозен и ќе поднесе кривична против Русковска
Објавено во: Македонија 03 Август, 2022 17:01
Првиот човек на Финансиската полиција, Арафат Муареми, најави кривична пријава против обвинителката Вилма Русковска за претресот во Управата кој се случи пред две седмици. Тој вели дека претресот бил тенденциозен, со цел да му се наруши угледот.
Кривична пријава против шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Русковска најавија денеска од Управата за финансиска полиција, каде на 18 -ти минатиот месец обвинителите извршија претрес. Кривична пријава ќе поднесат и против обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска кои го извршиле претресот. „Не смее Вилма Русковска да ги руши државните институции, да создава јавен впечаток дека Финансиска Полиција е корумпирана и не работи според закон, а истовремено да смета дека никој не смее да ја контролира и оценува нејзината работа“, рече Муареми.
Обвинителката постапувала по анонимна пријава, а до Судот навела дека директорот на Управата за финансиска полиција сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание и дека располага со докази за основано сомнение дека го сторил тоа кривично дело“.
Можеби ќе ве интересира
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите




