МУЦУНСКИ: Имаме индиции за финансиски злоупотреби најмалку во уште две ДКП-а
Објавено во: Македонија 19 Август, 2024
Освен ситуацијата во Постојаната мисија на ОН во Њујорк, имаме индиции за финансиски злоупотреби уште во најмалку две дипломатско-конзуларни претставништва на државава во странство, изјави вечерва министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Toj не кажа за кои амбасади се работи.
„За жал, јас имам идентификувано уште неколку други случаи на непрофесионално работење, Морам да констатирам, во последните неколку недели утврдивме и неколку дополнителни случаи на сериозни недоследности“, изјави тој во интервју за Сител.
На прашањето дали се остварени консултациите во МНР со амбасадорите Весел Мемеди, Љубомир Фрчкоски, Андреј Жерновски и Данчо Марковски, кажа дека се остварени консултации со тројца од нив. Објасни дека единствено со Фрчкоски не се остварени консултации, бидејќи, како што информира, тој отворил боледување.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.