26 Октомври, 2024
0.0273

Муцунски: Ќе се спојат Дирекцијата за ТИРЗ и Агенцијата за странски инвестиции

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска изјави дека е готова нацрт верзија на Законот за надворешни работи, кој што наскоро ќе биде презентиран пред јавноста во редовна постапка и со кој ќе се зголемат надлежностите на овој ресор.

Муцунски најави дека се работи и на спојување на  Агенцијата на привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот и Дирекцијата одговорна за технолошко-индустриските развојни зони, а ќе се зголемат и ангажманите на дипломатско-конзуларните претставништва во економска смисла.

- Истовремено работиме на спојување на неколку ангенции. Тоа е Агенцијата на привлекување на странски инвестиции и Агенцијата која што е одговорна за ТИРЗ односно Дирекцијата, во една институција која што ќе има надлежност усогласена со политиките коишто ќе се креираат во МНР и НТ, да ја промовира државата како потенцијална дестинација за привлекување инвестици, но истовремено таа една иста инстистуција да соработува со сите други, со сите инвеститори по нивното присуство во државата. За жал имавме до сега пристап еден којшто не овозможуваше најдобри услови за инвеститорите посебно по нивнто доаѓање во државата. И затоа мораме да работиме на креирање на добри политики од таа гледна точка. Јас гарантирам дека Министерството ќе биде креатор на политики коишто ќе обезбедат повисоки стандарди на ова поле, ќе имаме зголемен ангажман, нашите ДКП веќе од следниот период ќе бидат дополнително ангажирани, рече Муцунски.

Тој кажа дека веќе имаат и голем број конкретни ангажмани коишто ги имаат преземено во последннот период, како разговори со повеќе инвеститори. -Дел веќе се обврзаа за инвестици во државата и работиме заедно со нашите стопански комори и со нашите претприемачи да ја промовираме македонската економија и сите извозни капацитети коишто истата ги има, рече Муцунски. 


Можеби ќе ве интересира

БАНКРОТ НА ПОЗНАТ ЈАПОНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТЕЛЕВИЗОРИ: Долгот на компанијата е три милијарди долари

БАНКРОТ НА ПОЗНАТ ЈАПОНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТЕЛЕВИЗОРИ: Долгот на компанијата е три милијарди долари

„БЛУМБЕРГ“ ТРДИ: Европа не може да се ослободи од зависноста од рускиот гас

„БЛУМБЕРГ“ ТРДИ: Европа не може да се ослободи од зависноста од рускиот гас

МАКЕДОНИЈА Е НА ДНОТО ВО РЕГИОНОТ: Имаме најниски плати

МАКЕДОНИЈА Е НА ДНОТО ВО РЕГИОНОТ: Имаме најниски плати

ХРВАТСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ РАБОТАТ СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕME: Но, има еден услов

ХРВАТСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ РАБОТАТ СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕME: Но, има еден услов

БОЖИНОВСКА НА СРЕДБА СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР: Зборуваа за соработка во областа на енергетиката, рударството и развојот на минералните суровини

БОЖИНОВСКА НА СРЕДБА СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР: Зборуваа за соработка во областа на енергетиката, рударството и развојот на минералните суровини

СКОПЈАНИ СЕ ЖАЛАТ – РАДИЈАТОРИТЕ ЛАДНИ, СТАНОВИТЕ УШТЕ ПОЛАДНИ: почетокот на грејната сезона со стари проблеми, надлежните уверуваат „работиме согласно правилата“

СКОПЈАНИ СЕ ЖАЛАТ – РАДИЈАТОРИТЕ ЛАДНИ, СТАНОВИТЕ УШТЕ ПОЛАДНИ: почетокот на грејната сезона со стари проблеми, надлежните уверуваат „работиме согласно правилата“

ШТО ЈА „СТОПИ“ ДОБИВКАТА НА „ТЕТЕКС“ И КАКО ДИВИДЕНДИТЕ ГО СПАСИЈА ОД ЗАГУБА - комбинатот остана со третина од профитот

ШТО ЈА „СТОПИ“ ДОБИВКАТА НА „ТЕТЕКС“ И КАКО ДИВИДЕНДИТЕ ГО СПАСИЈА ОД ЗАГУБА - комбинатот остана со третина од профитот

ИНТЕРВЈУ ПЕТАР ЛАЗОВСКИ, МАСИТ: На нашата Годишна конференција треба да дојдат сите што се заинтересирани за иднината на AI во бизнисот и во здравството

ИНТЕРВЈУ ПЕТАР ЛАЗОВСКИ, МАСИТ: На нашата Годишна конференција треба да дојдат сите што се заинтересирани за иднината на AI во бизнисот и во здравството

ТРГОВЦИТЕ ГО ПРЕТЕРАА: Алчни се, се обидуваат да заработат на грбот на народот

ТРГОВЦИТЕ ГО ПРЕТЕРАА: Алчни се, се обидуваат да заработат на грбот на народот