Мухиќ, Mрѓа, Дудуш: Денес нови сведочења за крвавиот четврток
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2018
Со сослушување на сведоците Ферид Мухиќ, Курто Дудуш, Сашко Коцевски и новинарката Душица Мрѓа ,денеска продолжува судското рочиште за настаните од 27 април во македонското Собрание.
На последното рочиште што се одржа на 13 овој месец сведочеа пратениците Хари Локвенец и Катерина Кузмановска од СДСМ. Локвенец сведочеше дека била очигледна намерата на толпата да се насочи кон групата пратенци меѓу кои се биле Зоран Заев, Талат Џафери и Зијадин Села.
Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие пред судот се изјаснија дека го разбираат обвинението, но оти не се чувствуваат виновни.
На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.