19 Декември, 2025
0.0542

Мухиќ: Уште сум против договорот, но не може да има подобар

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2018 09:57

Добивај вести на Viber

Независниот пратеник од владеачката коалиција, Ферид Мухиќ, во ТВ-емисијата „24 Отворено“ истакна дека преспанскиот договор за него се уште е лош, но сепак прифатлив, затоа што, како што вели филозофот, не може да има подобар.

„Договор со Грција е лош и горчив, но подобар не може да има. Јас сум на истите позиции кои ги имав и пред 27 години, против било каков вид на преговори за промена на државното име. Никогаш ниту една држава не била изложена на такво нешто. На барање на друга држава да се смени на една каков во овој случај е апсолутно неприфатливо“, го коментираше професорот договорот од преспа помеѓу Скопје и Атина кој бара уставни измени.

Вчера заврши вториот ден од расправата за отворањето на уставните амандмани, а истата може да трае најмногу 10 дена.

„Јас сметам дека не може да има добар договорот ако истиот завршу со промена на името. Дури и да го прифатат она кое ќе го предложиме ние самите, пак не е добро. Јас бев единствениот кој гласаше против и мислев да останам на таа позиција до крај. Овие преговори за жал, се претворија во џокер за политичките елити“ - изјави Мухиќ.

Токму поради тоа, во меѓувреме самите настани влијаеле тој да го промени ставот и да има „рационална“ одлука пред гласањето.

- Ниту една политичка опција не кажа некогаш дека треба да се прекинат преговорите. Македонија го потпиша договорот и не може да излезе од ова, зошто презела обврска. Наредната влада ќе биде соочена од меѓународната заедница со истиот ултиматум или нема да има разговори. Сега треба тој џокер да им се одземе на политичките елити. Ако сега не се реши прашањето, тогаш во иднина би се решил на многу полош начин, смета професорот Мухиќ.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица