21 Јануари, 2025
0.0249

МВР ја тужи општина Сопиште поради неплатен долг!

Објавено во: Мои пари 04 Април, 2014

Добивај вести на Viber

МВР го доби судскиот спор против општина Сопшите, што се води поради неплатен долг за полициска асистенција пред четири години, направена на барање на општината. Односно,  тогашниот градоначалник, Јован Ѓорѓиовски побара полицијата да ја обезбедува изградбата на водоводот во Патишка Река, оти тамошните жители не дозволуваа водоводот да се гради. Но откако полицијата асистираше општината не си го платила долгот, па МВР повела судски спор. Основниот суд пресудил во корист на МВР, но се чека потврда на пресудата од Апелациониот суд. Дека проблемот се решава низ судските инстанци, за Фактор потврдија и од МВР. Сепак, оттаму не информираат колкава сума општина Сопшите треба да и плати на МВР,  иако според неофицијалните информации на Фактор, се работи за сума од 600 илјади евра. „Со Пресуда на Основен суд Скопје 2 Скопје усвоено е тужбеното барање на тужителот РМ-Министерство за внатрешни работи, па се задолжува тужениот Општина Сопиште да го исплати долгот со камата сметано од втасаноста на секоја фактура поединечно во корист на доверителот  Министерство за внатрешни работи. Воедно укажуваме дека против наведената пресуда од страна на полномошникот на тужената, е поднесена жалба до Апелационен суд Скопје, со што постапката е во тек пред второстепениот суд, велат од МВР. Од МВР информираат и дека се обиделе вонсудски да се спогодат, но безуспешно. „По однос на прашањето за вонсудска спогодба, укажуваме дека од страна на Министерството за внатрешни работи беше направен  обид за вонсудско решавање на спорот, меѓутоа истото не беше спроведено поради немање на согласност од спротивната страна, поради што спорот продолжи по судски пат, велат за Фактор од МВР. Водоводот е неизграден и по четири години од полициската аситенција   Во септември 2010 година, поранешниот градоначалик на општина Сопиште, Јован Ѓорѓиовски, чие име во времето кога беше на чело на општината, се врзуваше со серија скандали и афери, од МВР побара полицијата да ја обезбедува изградбата на водоводот во Патишка Река, бидејќи тамошните жители не дозволуваа водоводот да се гради. Поради тоа, Ѓорѓиовски ја повика полицијата. Во тензична атмосфера под силно полициско обезбедување, локалната власт на Сопиште поставуваше цевки за водоводна мрежа во Патишка река. Багерите копаа додека револтираните мештани се обидуваа да ја спречат операцијата, но не успеаја поради стотиците полицајци штон тогаш беа присутни на теренот. Но, и по четири години од полициската асистенција водводот остана неизграден, а направена е финансиска штета на сметка на општината, не само за полициската асистенција туку за ангажирањето на машините што копаа и цевките што се поставуваа. „Се донесоа цевки, дел се поставија, а дел пак останаа да стојат фрлени покрај патот. Но, водоводот на крајот сепак не се изгради. Не е изграден ниту четири години по асистенцијата на полцијата која беше на барање на општината. Се направија само трошоци, и за машинеријата која работеше на терен, и за материјалот што се поставуваше, но и за полициската асистенција. Колкава е вкупната штета од тоа засега нема официјална проценка, вели за Фактор жител на Патишка Река. Селаните од Патишка Река, во тоа време не ја даваа водата што извира во селото, стравувајќи дека тие ќе останат без вода. Водоводот од Патишка река потребен за проектот Сончев Град Обврска на државата е да ја обезбеди инфраструктурата, односно да го изгради патот и да го изгради вододвод од Патишка река до елитната населба Сончев град, што во Сопиште треба да ја гради турската компанија Џеваир Холдинг. Во моментов на терен работи машинеријата на Гранит, компанија која државата ја ангажираше да го направи патот до оваа населба. Но, засега нема официјална информација  кога точно ќе стартува изградба на водоводот од Патишка Река. Пред еден месец, министерот за транспорт и врски изјави дека нема да има проблеми да се донесе вода од населеното место Патишка Река до новата населба Сончев град. Проблемите се надминати по мирен пат, посочи тој, за разлика од пред неколку години кога поранешниот градоначалник на Сопиште ангажираше полиција за да обезбеди вода за Сончев град, но безупешно. „Ние ќе ги направиме сите напори согласно позитивните законски прописи во Македонија овој водовод да стане реалност бидејќи најголем дел од населението во Сопиште проблемот со водоснабување треба да го реши со овој водовод и направивме максимални напори да ги обезбедиме финансиските средства“, изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски. Локалната власт пак тврди дека обезбедени се и парите за изградба на водоводот. „За изградбата на системот за водоснабдување за населените места во оопштина Сопиште од водоводот Патишка Река, ќе се обезбедат средства од буџетот на Министерството за транспорт и врски и буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство во буџетите од 2015, 2016 и 2017 година при што се планирани средства од 260 милиони денари“, изјави Стевче Трпковски, градоначалник на Општина Сопиште. Според сознанијата на Фактор, за проблемите со вододоводот од Патишка Река, неопходен за проектот Сончев град, знае и турскиот инвеститор кој минатата година испратил свои претставници кај месното население за да посредуваат во решавање на проблемот. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије