МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Надминат е прагот на загаденост
Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2025
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри е надминат на мерното место Струмица.
Поради тоа донесе мерки на препораки кои треба да се преземат, како што се забрана за горење на отворено, ослободување од работа на бремените жени и хронично болните, да се реорганизира работното време за оние кои работат на отворено, како и да не се организираат спортски натпревари и настани на отворено.
Воедно препорачано е да се интензивираат вонредните инспекциски надзори и контроли на компаниите со интегрирана А и Б еколошка дозвола.
Во Куманово, Битола и Кавадарци, вечерва воздухот е многу високо загаден.