19 Декември, 2025
0.0561

МВР: Приведени се 12 лица под сомнение за насилство врз новинарите

Објавено во: Македонија 01 Март, 2017 15:38

Добивај вести на Viber

Полицијата приведе 12 лица под сомнение за насилство врз новинарот и снимателот од  А1-он синоќа на протестот пред Собранието. 

Со лицата ќе бидат обавени разговори.  Секторот за внатрешни работи ќе ги земе во предвид и снимките од камерите кои се во близина на местото каде биле нападнати новинарите.

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу им гарантира на граѓаните дека последните случаи ќе се обелоденат. 

Тој вели дека поради повеќето протести полицијата ќе формира кризен штаб кој ќе ги следи настаните. 

„Ќе се казнат сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир. Апелирам до сите граѓани да се воздржат од секаков вид насилство и кршење на законските и уставните вредности“ – изјави Нухиу. 

Синоќа се повредени новинарот Александар Тодевски и снимателот Владимир Желчевски кои се здобија со телесни повреди. Тие се пуштени на домашно лекување. Настанот го осудија од ЗНМ и повеќе политички партии. 

Вчера на денот на протестите се извршени три кривични дела „насилство“ каде биле повредени вкупно пет лица.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието