09 Декември, 2024
0.0249

МВР РЕАГИРА: ВМРО-ДПМНЕ од сторител на прекршоци го направи Спасов жртва

Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи реагира на бескрупулозниот обид направен со прес-конференцијата на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ,  дополнителниот заменик министер Диме Спасов од сторител на неколку прекршоци да го претвори во жртва. МВР  во врска со овој случај  истакнува, дека  во сите фази на постапката настојуваше да обезбеди високо ниво на професионалност и непристрасност  што треба да биде стандард  до кој тежи секој државен орган во Република Македонија.  Оливер Спасовски како актуелен  Министер за внатрешни работи  е  функционер кој е апсолутно  свесен за последиците  од своите постапки и тежината на  своите изјави,  што може да биде  пример за некои други функционери во  државата.

Во контекст на погоре наведеното, Министерството за внатрешни работи на РМ, укажува дека

-  Диме Спасов-актуелниот  дополнителен заменик министер во МТСП на РМ со службено возило на Агенцијата за вработување, надвор од работното време во петок на 28 . 10 . 2016 година предизвика собраќајна незгода, и на двапати го напушти местото на настанот.

-  Диме Спасов – актуелниот  дополнителен заменик министер  во МТСП на РМ не ги почитуваше наредбите и знаците на униформираните лица  за застанување на возилото.

-  Диме Спасов – актуелниот  дополнителен заменик министер  во МТСП на РМ  се оддалечи, односно избега  од  службените  лица, и во  ПС Карпош се појави да даде исказ, 24 часа по извршување на делото

-  Диме Спасов – актуелниот дополнителен заменик министер , заедно со лицата кои се обидуваа да го заштитат, неколку пати ги менуваа изјавите во врска со настанот.

-  Диме Спасов – актуелниот дополнителен заменик министер  во МТСП на РМ, е лицето кое ќе биде гонето за прекршување на три члена од ЗБСП и тоа:

1. Член 215 став 1, алинеја 1 и 3, а казниво по став 5 ( (напуштање на местото на сообраќајната незгода и неизвестување на МВР и да се врати на местото до доаѓање на полицискиот службеник кој врши увид);

2.  Член 211 став 1, а казниво по став 4 (не постапил по барањата изразени со помош на знаци или по наредба на униформираните полициски службеници); и

3.  Член 33 став 1, а казниво по став 5 (не ја приспособил брзината на движење на возилото кон својствата и состојбата на патот, видливоста, прегледноста, атмосферските услови, состојбата на возилото и товарот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, на начин да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка што под дадените услови може да ја предвиди).

Диме Спасов е се уште актуелен дополнителен заменик министер на МТСП на оваа држава.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека сега и во иднина ќе работат професионално, со почитување на сите стандарди,  со цел да се казнат сите што ги кршат законите без разлика  која функција ја вршат во моментот и на која политичка опција припаѓаат зошто Законите мора да важат подеднакво за сите. 


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„Се обидуваат да го укинат последниот столб на Рамковниот договор“: Османи вели „Стражата на јазикот“ се всушност чуварите на Македонија

„Се обидуваат да го укинат последниот столб на Рамковниот договор“: Османи вели „Стражата на јазикот“ се всушност чуварите на Македонија

„Превоз на ученици без важечки договори“: СДСМ обвинува за злоупотреба на службената положа „ќе поднесеме пријава“

„Превоз на ученици без важечки договори“: СДСМ обвинува за злоупотреба на службената положа „ќе поднесеме пријава“

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ - еве какво решение е договорено

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ - еве какво решение е договорено

„САКАА ДА ПРЕДИЗВИКААТ МЕЃУЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ“: Вреди контра ДУИ - го изгласа Законот за јазиците иако Венецијанската комисија ја оспорила законитоста

„САКАА ДА ПРЕДИЗВИКААТ МЕЃУЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ“: Вреди контра ДУИ - го изгласа Законот за јазиците иако Венецијанската комисија ја оспорила законитоста

Мојсоска: Интелектуалци во служба на федерализацијата - маската на европските вредности падна

Мојсоска: Интелектуалци во служба на федерализацијата - маската на европските вредности падна

СЕ ОГЛАСИ МВР - ГО ОБЈАВИ ИДЕНТИТЕТОТ НА РАЗБОЈНИКОТ КОЈ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА: напаѓал и малолетнички (ВИДЕО)

СЕ ОГЛАСИ МВР - ГО ОБЈАВИ ИДЕНТИТЕТОТ НА РАЗБОЈНИКОТ КОЈ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА: напаѓал и малолетнички (ВИДЕО)

МАЖ НА 26 ГОДИНИ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА И ЖЕНИ НИЗ ЦЕНТАР И АЕРОДРОМ - определен му е притвор поради повторување на делата

МАЖ НА 26 ГОДИНИ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА И ЖЕНИ НИЗ ЦЕНТАР И АЕРОДРОМ - определен му е притвор поради повторување на делата

„Исклучување на надворешните соработници кои заработуваат огромни хонорари“: Левица предлага измени на Законот за култура

„Исклучување на надворешните соработници кои заработуваат огромни хонорари“: Левица предлага измени на Законот за култура

„АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК НЕМА ДА СЕ ОСПОРУВА, МИЛИОНИТЕ НА ОЛИГАРСКИТЕ НА ДУИ ДА!“: Меџити вели јазикот е заштитен, но не и незаконското богатство

„АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК НЕМА ДА СЕ ОСПОРУВА, МИЛИОНИТЕ НА ОЛИГАРСКИТЕ НА ДУИ ДА!“: Меџити вели јазикот е заштитен, но не и незаконското богатство