MВР РЕДИ КАЗНИ НА НЕСОВЕСНИ ВОЗАЧИ: 169 санкции за брзо возење за три дена
Објавено во: Македонија 14 Мај, 2018 10:25
МВР ги исполнува ветувањата во однос на ставање ред кај несовесните возачи.
Се пишуваат казни, се редат и санкции а на терен се и пајак службите.
Само во последните три дена МВР регистрира 29 сообраќајни незгоди . Од нив една со тешки телесни повреди, 16 со телесни повреди и 12 со материјална штета.
169 возачи биле санкционирани бидејќи возеле со брзина поголема од дозволената додека 229 возачи се исклучени од сообраќај поради возење под дејство на алкохол, го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување или биле возачи почетници.
Се уште се возат и нерегистрирани и технички неисправни возила.
МВР од сообраќај исклучиле 75 возила од кои 69 биле нерегистрирани и шест технички неисправни.
Се поминува со возило и на црвено па за овој прекршок казна добле 10 возачи.
Се пишуваат казни и за оние возачи кои не пропуштаат пешаци, неправилно се престројуваат или т неправилно престигнувале .
Но невнимание има и кај пешаците. Се минува коловоз надвор од пешачки премин a за тоа се санкционирани 11 пешаци.
114 возила според статистика на МВР се подигнати со "Пајак".
Можеби ќе ве интересира
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите
Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...
И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат




