МЗ: Новиот ковид центар „Мала Богородица“ ќе почне да хоспитализира пациенти кога приватните болници ќе потпишат договор со ЦУК
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2020 17:36
До почетокот на оваа недела требаше да бидат
завршени сите правни работи за да може поранешната болница „Мала Богородица“ да
почне да ги прима првите пациенти болни од ковид кои се со средна тешка
клиничка слика, а на кои им е неопходно болничко лекување. Денеска Фактор ексклузивно
објави фотогравии од новиот ковид центар, а истовремено од „Аџибадем Систина“
соопштија дека се финализираат работите, но бидејќи се уште немаат потпишано
договор со надлежните, не може да се почне со работа.
Фактор достави прашања до Министерството за здравство, пред сè зошто досега не е потпишан договорот меѓу ФЗОМ и трите приватни болници за непречено отпочнување на работата на ковид центарот во „Мала Богородица“, на што ни беше одговорено:
-Договор со приватните болници потпишува Центарот за управување со кризи, согласно Законот за кризна состојба. По склучувањето на договорите со ЦУК за користење на ресурсите на приватните болници со што ќе бидат вклучени во системот на лекување на ковид пациенти во кризна состојба, ќе следува склучување на договори со Фондот за лекување пациенти. Прв чекор е склучување на договор со ЦУК, а потоа следува склучување на договори со Фондот. Министерството за здравство само ќе ги користи ресурсите од приватните болници, согласно законската рамка по прогласување на кризна состојба, кога приватните болници се согласија во целост да ја опремат стара Систина со потребната медицинска и немедицинска опрема, како и лекарски тимови и медицински персонал кои ќе работат со ковид пациенти, велат од Министерството за здравство за Фактор.
Во однос на тоа дали Министерството за здравство утврди кои двајца доктори ќе бидат назначени да управуваат со овој ковид центар, оттаму посочија дека коодинаторот лекар на ковид центарот во поранешна Систина ќе се утврдува дополнително.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата




