МЗ: Преземете мерки за лична заштита, особено при престој во затворен простор
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2022 11:50
Министерството за здравство и Комисијата за заштита на населението од заразни болести активно ја следи состојбата со КОВИД-19 во земјата, но и активно ги следи состојбите и на европско и светско ниво.
- Неспорно е дека во нашата држава се забележува зголемување на трансмисија на коронавирус, но и дека ова е општ тренд што не може да се очекува да не одбегне. Затоа, иако во моментот состојбата е релативно мирна, со цел да остане таква Министерството за здравство препорачува внимание и преземање мерки за лична заштита. Ова особено се однесува, но не исклучиво, на постарите лица, лицата кои имаат една или повеќе хронични болести, и сите кои имаат намален имунитет поради која било причина - се наведува во соопштението на МЗ.
Во овој период препорачливо е при престојување во затворена просторија подолго време да се носат маски, а лицата од ризичните категории (наведни погоре) маска минимум ФПП2 или Н95 или ФФП3.
Просториите во кои се престојува подолго(канцеларии, занимални во градинки, сали за состаноци и слично), како и спортски објекти, редовно да се провертуваат и да се дезинфицираат.
Да се избегнува непотребно собирање во големи групи и секогаш кога може да се одржува растојание од два метра.
Редовна хигиена и дезинфекција на раце, особено ако кивате и кашлате, а устата ја покривате со дланката наместо со внатрешноста од лактот, како што е препорачано.
Доколку почувствувате некои од стандардните симптоми (сува кашлица, температура, болки во грло, болки во мускулите и слично) веднаш побарајте помош од вашиот матичен лекар и задолжително носете маска.
Во Здравствените домови ширум државата веќе е зголемен бројот на термини за тестирање на пациенти, а само во ЗД Скопје тестирање се врши во пет пункта.
Исто така, се уште најефикасна заштита од развој на потешки форми на ковид и хоспитализација останува вакцинацијата против ковид.Така што, за целосно заштитени се сметаат тиeкои имаат примени дведози вакцини и дополнителна, т.е. бустер доза. Сите оние кои не се вакцинирале или не го завршиле целиот вакцинален циклус, се препорачува истото веднаш да го направат, а кај оние кои поминале четири месеци од бустер дозата им се препорачува и второ бустирање.
Потсетуваме дека на сила е се уште обврската за носење маски во јавен превоз, здравствени установи, аптеки и домови за стари лица.
На крајот, а во услови на регионална и светска експанзија на вирусот, колку поголема лична одговорност покажеме, толку поголеми се шансите овој бран и поединечно и колективно полесно да го поминеме, односно да не дојдеме во состојба да мора повторно да се активираат некои мерки, а што е веќе случај во некои држави.
Можеби ќе ве интересира
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите
Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...
И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат




