На 23 години студира, има компанија и успешна кариера
Објавено во: Финансии, Балкан 31 Јануари, 2017
Млада девојка на 23 години студира економија, има сопствена фирма и работи како иновациски и финансиски советник.
Пред 5 години Маја Драгојевиќ дошла од Корчула во Сплит и не ни сонувала дека за неколку години ќе постигне толку голем успех.
Таа ги надминала за кратко време своите постари колеги и колешки.
Со 2015 година со уште двајца соработници ја основала „Фабрика на идеи“.
Почнале да им помагаат на младите да пишуваат проекти, да ги едуцираат, а со тоа да се подобри и животот на младите на островите.
На состанокот кој го организирале имало 40 млади од повеќе острови при што неформално ја направите платформата „Развој на островите“.
Така девојката почнала да се занимава со сметководство, управување со финансии и стратешко планирање.
„Со мала организација и волја сè се може“ - вели оваа девојка.
Таа покрај сите работни обврски, студира на Економски факултет.
Од Студентскиот претприемачки инкубатор со своја идеја за бизнис освоила парична награда од 5000 куни.
Според Драгојевиќ, освен формалното образование потребно е искуството кое се добива во текот на работата.
Раскажува дека за успех потребна е упорност, но и поддршка од пријателите и семејството.