06 Октомври, 2024
0.0387

На аеродромот „Александар Велики“ повеќе од 600 илјади патници и раст од близу 14%

Објавено во: Економија 30 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје го заврши првото полугодие од 2015 година со опслужени 608.721 патник и забележа раст од 13,8% во споредба со истиот период минатата година. Унгарскиот ниско-буџетен авиопревозник„Wizz Air“ и понатаму е неспорен лидер на аеродромот со учество од 50% во бројот на превезени патници. Компанијата отвори 5 нови летови, го зголеми сообраќајот на неколку од постоечките линии и порасна со импресивни 20% во првите шест месеци од 2015 година. На второто место се најде „Turkish Airlines“ којшто го надмина „Austrian Airlines“ како прв избор за поврзани летови и порасна за солидни 8,2% во првото полугодие. „Pegasus Airlines“ забележа висок раст од 15,6% и се искачи на четвртото место, додека бројот на патници на националните авиопревозници од поранешна Југославија во голема мерка остана непроменет, пренесува portline.mk.

Airlines

Истанбул го задржа првото место меѓу најатрактивните дестинации за летање, Цирих на второто, па следи Виена, Малме и Лондон на петтото место.

Destinations

Македонија на 59-то место во светот според аеродромската инфраструктура Светскиот Економски Форум го објави својот реномиран двегодишен извештај за конкурентност во патувањето и туризмот, во којшто се мери и рангира конкурентноста на 141 национална економија, според четиринаесет различни категории, меѓу кои и воздушниот сообраќај. Во извештајот од 2015 година, Македонија е прогласена како земја со најдобра аеродромска инфраструктура меѓу земјите од поранешна Југославија, со забелешка дека Босна и Херцеговина и Косово не се вклучени во извештајот. Две третини од податоците се обезбедени од меѓународни организации, а последната третина се базира на годишна анкета на преку 15.000 менаџери на компании и бизнис лидери во сите земји кои се дел од оценувањето. Анкетата нуди уникатен увид во критичните точки на конкурентноста во патувањето и туризмот. Македонија го зазеде 59тото место во светот според аеродромската инфраструктура, со просечна оценка од 4.7 (со оценки 1- најниска до 7 највисока), следена од Словенија на 67-то место, Црна Гора на 74-то и Хрватска на 76-то место. Србија заостанува во рангирањето и го зазеде 111то место. Сингапур ја има најдобрата аеродромска инфраструктура во светот, додека Обединетите Арапски Емирати и Хонг Конг го зазедоа второто и  третото место. Скопскиот аеродром неодамна беше прогласен и за деветти најдобар аеродром во Источна Европа во глобалната анкета на патници од страна на „Skytrax“. Исто така, во 2013 и 2014 аеродромот беше прогласен за најдобар во Европа во категоријата до два милиони патници од страна на Светскиот Аеродромски Совет (Airports Council International - ACI). Со својот нов терминал со шест мостови и капацитет да опслужи четири милиони патници годишно, скопскиот аеродром во континуитет бележи двоцифрени стапки на раст во последните неколку години. Директен лет Скопје-Будимпешта до крајот на 2015 Македонија и Унгарија планираат да воспостават редовна линија помеѓу главните градови до крајот на 2015 година, три години откако беше забележан последниот лет помеѓу овие две земји. По преговорите во Скопје, Унграскиот министер за економска дипломатија, Левенте Маѓар, изјави дека се планира оваа година да започнат директни летови помеѓу Будимпешта и главниот град на Македонија, со оглед на тоа дека во моментов патувањето помеѓу градовите трае околу седум до осум часа. Директен лет би го скратил времетраењето на патувањето на помалку од девеесет минути и би помогнал во развојот на економските и туристичките врски помеѓу двете земји. Според владини извори, Унгарскиот „Wizz Air“,  којшто има развиена мрежа и има своја база во Скопје е авиокомпанијата која најверојатно ќе лета и на оваа линија.  

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?