На аукција 15 илјади домови во Грција
Објавено во: Балкан 06 Август, 2013
Властите во Грција објавија на аукција недвижен имот чии сопственици не успеваат да ги плаќаат хипотекарните кредити поради економската криза, пишува весникот „Епикера“.
Наддавањето ќе се организира за 15 илјади живеалишта, за кои од 2008 година досега не се направени никакви уплати по хипотекарните кредити.
Според планот на Министерството за равој од наддавањето се исклучени сопствениците на имоти, кои се невработени и со многудетни семејства, како и инвалидите и хронично болните. Помилување ќе има за тие што се обиделе да уплатат и мал дел од ратите од кредитите.