На Балканот стигнаа работници од Индија
Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2018
Петнаесет работници од Индија стигнаа во Хрватска и ќе работат во опатиска градежна фирма.
Веста се рашири, и други работодавци се заинтересирани да ангажираат работници од Индија, за изработка на мебел.
Досега имаше мал број на работници од Индија во земјата, помалку од 10 и тоа во туризмот.
Сега се вкупно 47 Индијци според издадените дозволи, а доаѓаат и Филипинците за кои лани се зборуваше.
Во првата група стигнаа 26 Филипинци.
Засега има 11.336 странски работници во земјата, а Македонците се трети по бројност, односно 946 работат во Хрватска.