05 Декември, 2025
0.0311

„НА ЕВРОПА И ТРЕБААТ ПОСИЛНИ БАНКИ“: Шефицата на ЕЦБ вели спојувањето на Уникредит и Комерцбанк е тест

Објавено во: Финансии 02 Октомври, 2024 09:16

Добивај вести на Viber

На Европа и требаат поголеми и посилни банки кои ќе можат да се натпреваруваат со американската и кинеската конкуренција, рече претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард. Таа се согласи со шефот на италијанската Уникредит и неговата молба за консолидација во подготовката на теренот за евентуално преземање на германската Комерцбанк.

Италијанската Уникредит, која е сопственикот и на Загребачка банка размислува за спојување со германскиот заемодавател, во кој на почетокот на септември купи девет отсто од акциите, вклучувајќи пакет акции во сопственост на германската влада и акции купени на берзата.

Тие потоа известија дека користеле финансиски инструменти за да го подготват теренот за зголемување на уделот до 21 отсто, под услов да добијат зелено светло од Европската централна банка (ЕЦБ). Тие додадоа дека побарале дозвола последователно да го зголемат удделот на 29,99 проценти.

Потезите на италијанската банка кренаа прашина во германските политички кругови и во администрацијата на Комерцбанк, но и синдикатите се кренаа на нозе.

Извршниот директор на УниКредит минатата недела на конференција во Лондон рече дека сите опции се отворени за нив, вклучително и спојување. За Уникредит, Комерцбанк е само инвестиција, но можеме да се здружиме и да направиме нешто поголемо, рече Орцел.

- На Европа и требаат поголеми банки и спојувањето на Уникредит и Комерцбанк би било тест - рече шефот на италијанскиот кредитор.

Претседателката на ЕЦБ се согласи со неговото мислење на сослушувањето во комисијата на Европскиот парламент.

- Според мое мислење, прекуграничните спојувања се пожелни, банките кои можат вистински да се натпреваруваат со другите институции ширум светот, вклучително и американските и кинеските банки, во однос на длабочината и опсегот (на деловното работење) се пожелни - рече Лагард.

Консолидацијата на банките е во интерес на Европа, рече првиот човек на ЕЦБ, а прекуграничните спојувања имаат многу предности, доколку произведат поголеми, поагилни и посилни институции.

Сепак, таа се огради со напомена дека нејзините изјави не треба да се сфатат како директна интервенција во конкретен договор и посочи дека спојувањата носат одредени ризици за кои треба да одлучува приватниот сектор.

Конечната одлука за поврзувањето ќе ја донесе Управниот совет на ЕЦБ

Комерцбанк е системски важна банка, така што нејзин супервизор е ЕЦБ, чиј надзорен одбор ќе одлучува за барањето на Уникредит да купи 21 отсто од акциите на германскиот заемодавач.

Нејзините членови обично се фокусираат на елементи на управување со ризик, како што се капиталот, ликвидноста, деловните планови и управувањето, при обработката на апликациите.

Уникредит побара и зелено светло за зголемување на својот удел на 29,99 проценти. Група од шест претставници на ЕЦБ минатата недела изјавија за Ројтерс дека начелно го поддржуваат спојувањето на двете банки, додавајќи дека отпорот на Берлин, според нив, е во спротивност со принципот на европската интеграција.

Конечната одлука за поврзувањето ќе ја донесе Управниот совет на ЕЦБ на чело со претседателката Кристин Лагард.

Фото: Принтскрин/Твитер

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката