На Филипче не му се даваат пари за обезбедување, се обратил кај Шекеринска
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2018 22:44
На министерот за здравство Венко Филипче не му се давале пари за ангажирање на агенција за обезбедување на Клиничкиот центар, па разговарал со Радмила Шекеринска од ресорот за одбрана за можноста припадници на АРМ да патролираат околу болниците, објави Сител
Ова било една од варијантите за тоа кој да се грижи за безбедноста на здравствените работници и пациентите во ургентните центри, откако министерот ја најави оваа мерка по инцидентот со нападот на мајка на починато момче над медицинска сестра во Ургентниот центар.
Министерот за здравство најавило дека за неколку денови ќе се знае дали пред влезот на КАРИЛ, Ургентен, Детска, Хематологија и Токсикологија ќе стојат припадници од одбрана или, пак, од МВР. Филипче покрај помошта што ја побара од министерот Спасовски уште минатата недела по инцидентот на Клиниката за анестезија и реанимација, разговарал и со Радмила Шеќеринска, информира Сител.
Филипче сака да најдат лица кои се плаќаат од буџетот, бидејќи проценките им покажале дека ангажирањето на агенција за обезбедување ќе ги чини прескапо.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




