15 Декември, 2025
0.0467

На ГП “Меџитлија“ откриени и запленети осум килограми хероин

Објавено во: Мои пари 28 Август, 2014 13:23

Добивај вести на Viber

МВР на РМ – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Царинска управа на Република Македонија (мобилни тимови) реализираше случај на недозволена трговија со хероин, при што на ГП Богородица запленети се околу осум килограми хероин со што е пресечен меѓународен канал од Р.Турција до Р.Македонија со крајна дестинација - западноевропските земји.

Имено вчера (26.08.) по претходно изготвен план во врска со сознание за транспорт на хероин на ГП „Богородица“  во 16,30 часот откако на влез во Р.Македонија се пријавило ПМВ „Пежо 307 “ сребрена боја со скопски регистарски таблички управувано од лицето Ќ.Л. (54) заедно со лицето  Ф.Б. (36) кој пеш се обидел да оствари влез во РМ  (двајцата македонски државјани) извршен е преглед и  претрес над возилото и лицата. По извршениот претрес во предниот дел на возилото во просторот за вентилација, во специјално изработен простор (бункер) пронајдени се 16 пакувања правоаголна форма обвиткани со жолта селотејп трака исполнети со непозната прашкаста материја.

Според добиените сознанија овие двајцата од страна на лице од Р.Македонија, чиј идентитет за сега не утврден при крајот на месецов биле ангажирани да извршат транспорт на наркотична дрога хероин од Р.Турција за Р.Македонија. На ден 21.08. во 19:55 часот на ГП “Богородица” Ф.Б. со горенаведеното возило (ПМВ марка Пежо 307) остварил излез од Р.Македонија, по што истиот се упатил во Р.Турција. По претходно добиени инструкции од нарачателот од Р.Македонија, Ф.Б. на 22.08. возилото го предал на турски државјанин член на криминалната група кој имал задача да го сокрие хероинот по што Ф.Б. го превземал возилото и од  Р.Турција, преку Р.Грција се упатил за Р.Македонија каде бил пречекан од лицето Ќ.Л. кој на 26.08. во 16 часот на  ГП Богородица пеш ја поминал границата и го чекал во меѓуграничниот простор со Р.Грција од каде го превземал возилото за кое претходно имале изготвено полномошно за управување на туѓо моторно возило.

Одземената непозната прaшкаста материја е предадена во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења  при  МВР на РМ  заради понатамошно вештачење, при што е утврдено дека се работи за 7, 978 килограми хероин со висок квалитет. Запленетиот хероин при продажба на домашниот нарко пазар на големо во Р.Македонија би достигнал цена од 160.000 евра додека надвор од Р.Македонија над 250.000  евра.

Од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Велес во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава против Ќ.Л. и Ф.Б. двајцата од Скопје поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од КЗ на РМ.

Лицата се лишени од слобода и по  целосно документирање на случајот заедно со кривичната пријава ќе бидат предадени  на судија на претходна постапка. Во тек е преземање на конкретни мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“