16 Декември, 2025
0.0586

На Грција и тргна годинава – се намалува и невработеноста

Објавено во: Балкан 09 Мај, 2014 08:19

Добивај вести на Viber

Невработеноста во Грција полека се намалува како резултат на забрзувањето на економското закрепнување, покажуваат податоците на грчката статистичка служба ELSTAT. Во февруари невработеноста во земјата се намалила до 26,5% од 26,6% во јануари и 26,7% во февруари 2013 година. Бројот на невработени кај нашиот јужен сосед надминува 1,3 милиони луѓе, и во однос на 2009 година е зголемен речиси 3 пати. Истовремено вработеноста во Грција исто така продолжува бавно да се намалува за сметка на обесхрабрените лица кои се зголемуваат. Во февруари бројот на вработените Грција е намален до малку над 3,6 милиони луѓе, додека во 2009 година беше речиси 4,5 милиони лица. Намалувањето на вработеноста во февруари на месечна основа е од 0,1%, а на годишна - 0,2%, посочуваат од статистичката агенција. Обесхрабрените лица кои не работат и не бараат работа, се зголемиле за 25 251 (0.7%) на годишно ниво и со 12 045 лица (0,4%) за месец до над 3,4 милиони лица. Најмногу тежок е проблемот со невработеност на младите во Грција, која достигнува околу 57 отсто. Врвот нејзин сепак веќе исчезнал - во февруари минатата година нивото беше над 60 отсто. Невработеноста кај Грците на возраст помеѓу 25-34 години достигна 34,7 %, но исто така се намалува во споредба со истиот месец минатата година, кога била 36,1 % . Најниска е невработеноста во Грција во возрасните групи од 55-64 години и од 65-74 години - односно 17,6% и 14,8 %. Трендот сепак е невработеноста во овие возрасни групи да се зголемува за сметка на бавниот пад кај другите возрасни групи. K.K.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата