17 Декември, 2025
0.0367

На Хрватите им требаат 5000 „ИТ“ експерти

Објавено во: Балкан 20 Декември, 2014 08:35

Добивај вести на Viber

Во Европската унија до 2020 година ќе бидат потребни 900.000 експерти од информационите и комуникациони технологии (ICT).

Тоа е шанса во Хрватска да се вработат 5000 луѓе од таа професија, оценето е на состанокот на секторот за ИКТ во Хрватското здружение на работодавачи (ХЗР) , пишува „Вечерни весник“.

ИКТ е единствена индустрија која, и покрај кризата, бележи раст и пораст на вработените, но проблемот е што вистински експерти нема доволно, оцениле хрватските работодавачи.

Претседателот на ИКТ секторот на ХЗР Адриан Јежин оценил дека стручни кадри недостасуваат бидејќи премногу млади лица завршуваат инжиниерски студии, а причината за тоа е „неприлагоден систем на образование и откажување на многу студенти“.

„Уште не е касно тоа да се промени, посебно кога показателите говорат дека ИКТ секторот има потенцијал од минимално 5000 нови работни места до 2020 година“, додал Јежин.

На состанокот исто така е укажано на важноста на развојот на Интернетот, утврдување на дигитална стратегија за 2015 година, како и потреба за информатизација на мали и средни претпријатија, низ системот на „ИКТ иновативни ваучери“ за воведување на ИТ во работата, што, како што е кажано, ќе биде фокус во текот на следната година.

„Стратегиите се предуслов на развојот на ИКТ индустријата во Хрватска,  а ИКТ алатките се клучни за трансформација на јавниот сектор и создавање на конкурентна економија“, заклучил Јежин и истакнал дека Владата во својот состав формира “една референта точка“; која би ги решила препреките на развој на ИКТ индустријата.

И.Р

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата