18 Декември, 2025
0.0504

НА ИНФЕКТИВНА ЗА 24 ЧАСА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 13 ПАЦИЕНТИ СО КОВИД: Денеска повикани градоначалниците на состанок на Комисијата за заразни болести

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2020 08:36

Добивај вести на Viber

Вкупниот број на заразени со корона вирусот до вчера само во главниот град изнесува 2.243. Со вчерашните 107 новозаразени, активни случаи во Скопје има 1.507. Според дел од лекарите, не станува збор за втор бран на вирусот, туку како што велат, ова е единствено последица токму на непочитувањето на мерките. Раководителката на Итната медицинска помош, д-р. Милица Бубало, вели дека само во текот на една смена од 12 часа, возилата на Брзата помош превезуваат околу 20-ттина пациенти, а во ноќната смена, која им започнува од 19.00 часот, носат до 10-ттина Ковид-пациенти или на Клиниката за инфективни болести или во ГОБ „8 Септември“.

-Во текот на оваа и изминатата недела бројот на пациенти со Ковид-19 што ги превезува Итната медицинска помош до болничките установи во тек на 24 часа изнесува околу 30-ттина. Јас, како лекар тврдам дека ова што сега ни се случува е само поради фактот дека граѓаните одбиваат да веруваат во сериозноста на ситуацијата и не ги почитуваат мерките за заштита. Истовремено, ги замолуваме пациентите да не даваат лажни искази при повикувањето на Брзата помош, стигнуваме на време секаде и сите пациенти се правилно згрижени, вели за Фактор, д-р. Милица Бубало, раководител на Итната медицинска помош во Скопје.

Само на Клиниката за инфективни болести, во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 13 пациенти. Ова за Фактор го потврди деиректорката на Клиниката, д-р. Милена Стевановиќ.

-Во моментов има вкупно 99 пациенти со Ковид-19 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во текот на последните 24 часа се примени 13 заразени со вирусот. Во монтажната клиника, која е ставена во функција од завчера, веќе има четворица пациенти. И оваа контејнер-систем Клиника е целосно подготвена за кризната ситуација, вели д-р. Сревановиќ.

Поради ваквата сериозна ситуација здравствените власти најавија дека од денеска многу повеќе ќе бидат ангажирани градоначалниците на општините чија основна задача ќе биде да помогнат во борбата против Ковид-19. На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести се повикани првите луѓе на Општината Чаир, од каде во изминатиот период во коинтинуитет има најголем број инфицирани со вирусот. До вчера бројката е 336. Ќе присуствуваат и градоначалниците на скопските општини со повеќе од 100 заболени со Ковид-19, односно од општините Гази Баба, каде што има 128, следи Аеродром со 125,  па Општина Центар  Центар121, во Бутел вкупниот број е 118, во Сарај 105,  како и Карпош со 103 случаи на корона вирусот.

Локалните власти, според Комисијата за заразни болести ќе бидат задолжени и ангажирани со голем број активности за спречување на понатамошното ширење на болеста, но пред се нивната задача ќе биде да преземат активности со кои ќе влијаат врз своите граѓани за почитување на препораките и мерките за заштита, носење заштитни маски и одржување на потребното растојание од 2 метра.

Инаку, според дел од лекарите, не станува збор за втор бран на вирусот, туку како што велат, ова е единствено последица токму на непочитувањето на мерките. Раководителката на Итната медицинска помош, д-р. Милица Бубало, вели дека само во текот на една смена од 12 часа, возилата на Брзата помош превезуваат околу 20-ттина пациенти, а во ноќната смена, која им започнува од 19.00 часот,  носат до 10-ттина Ковид-пациенти или на Клиниката за инфективни болести или во ГОБ „8 Септември“.

-Во текот на оваа и изминатата недела бројот на пациенти со Ковид-19 што ги превезува Итната медицинска помош до болничките установи во тек на 24 часа изнесува околу 30-ттина. Јас, како лекар тврдам дека ова што сега ни се случува е само поради фактот дека граѓаните одбиваат да веруваат во сериозноста на ситуацијата и не ги почитуваат мерките за заштита. Истовремено, ги замолуваме пациентите да не даваат лажни искази при повикувањето на Брзата помош, стигнуваме на време секаде и сите пациенти се правилно згрижени, вели за Фактор, д-р. Милица Бубало, раководител на Итната медицинска помош во Скопје.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери