17 Декември, 2025
0.0448

На Интернет Владата ќе нуди неискористени хали и објекти за бизнисмени

Објавено во: Економија 20 Август, 2013 18:36

Добивај вести на Viber

Информациите за околу 400 неискористени хали и објекти низ земјава преку веб страница ќе им бидата достапни на заинтересираните инвеститори. Според најавите, веб страницата треба да биде пуштена во текот на септември. На неа, соопшти премиерот Никола Груевски, ќе им бидат понудени детални информации за објектите шпо ќе можат да ги купат потенцијалните инвеститори. Целта на овој проект е им овозможи на вложувачите комплетни податоци за расположливите капацитети на едно место. „ Најголем број од инвеститорите градат нови капацитети зашто не знаат дека располагаме со објекти кои во моментов од различни причини не се во функција, а може да се искористат со мали интервенции, особено во однос на правната состојба која кај дел од нив е сложена“, ијвави премиерот. Со интернет страницата ќе раководи Агенцијата за привлекување инвестиции, а проектот се крчка неколку месеци. Претходно владата најви дека повеќе од  400 фабрики, хотели, оранжерии, дел од нив се во државна,  други во приватна сопственост ќе се нудат на потенцијалните инвеститори како можни локации за браунфилд инвестиции. Како што посочија владините претставници, станува збор за објекти кои се во стечај или долго време не работат. Инвеститорите ќе имаат можност да ги реновираат или од почеток да ги изградат објектите, а дозволено ќе им биде и да ја променат постоечката дејност.

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?