На изборниот молк Ахмети закажува средба со албанските партии
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2016
Покана за средба испратил Али Ахмети до сите албански партии, пренесуваат медиумите.
Според она што се пишува средбата е закажана за во 13 часот а портпаролот на ДУИ потврдува дека се повикани сите албански партии без исклучок.
Најверојатно на средбата ќе се разговара за состојабат во земјава поврзана со политичката криза и постизборниот период.
Дали можеби Ахмети ќе бара совет со која партија да формира Влада или пак ќе се консултира за тоа какви услови да бара од идниот коалиционер, засега не е познато.
Имено, како што пишувавме, на полноќ почнува изборниот молк, а албанските партии рекоа дека нема да се тркаат за гласови во Теарце.