22 Ноември, 2024
0.0285

НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ЌЕ ИМ ПРАВАТ ТЕСТОВИ ЗА ИНТЕГРИТЕТ И ЌЕ ГИ „ЛОВАТ“ КОЛКУ СЕ ЗБОГАТИЛЕ - ама дури после една година

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Прво тест за интегритет, па вработување во Министерството за внатрешни работи. На сите што ќе сакаат да бидат дел од МВР, но и на веќе вработените полицајци, ќе им се прави тест за интегритет. Кога еднаш ќе докажат дека го имаат, на припадниците на МВР тоа нема да биде еднаш засекогаш дадена потврда, туку нивниот интегритетот постојано ќе треба да се реоценува. За полициските службеници ќе се воведе и обврска за пријавување на нивниот имот и интереси, а тие нема да смеат ниту да членуваат во политички партии.

Овие нови правила ги предвидуваат измените на Законот за внатрешни работи, кои денеска веќе се на второ читање пред народните избраници од собраниската Законодавно-правна комисија. Владата ги носи согласно препораките од меѓународните институции.

„Заради спречување корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на работниците во Министерството и превентивно дејствување, организациската единица ќе врши проверка на интегритет преку спроведување тест за професионален интегритет на работниците“, е една од новите одредби што се додава во Законот за внатрешни работи. Оваа проверка кај работниците во МВР ќе се врши континуирано.

„Тестот за професионален интегритет е контрола на постапувањето на работникот во Министерството во симулирана ситуација, која е идентична на неговите работни задачи, без обврска за претходно известување на организациската единица во која е распореден и работи“, стои во законските измени.

Сепак, за спроведувањето на тестот за интегритет на полицајците се предвидува одложна примена, односно тоа тестирање ќе се прави дури после една година од денот на влегување во сила на законот.

Резултатите што ќе се добијат од тестот можат да бидат индикатор за поведување на предистражна постапка за полицајците, како и да се сменат процедурите за работа, но и да се почне со обука на работниците.

Кога ќе се тестираат полицајците, ќе мора да се почитува начелото на законитост, основните човекови слободи и права, како и нивното достоинство. Работникот кој се тестира не смее да се поттикнува на извршување кривично дело или повреда на службената должност и овластувања.

Активностите преземени за време на тестот не смеат да бидат дел од посебните истражни мерки пропишани со Законот за кривичната постапка. Постапката на тестирање, пак, може да се документира на видео или аудио запис.

Резултатот од тестот може да биде позитивен или негативен. За негативен ќе се смета доколку за тестираниот рботник се утврди дека при извршувањето на задачите не постапувал согласно закон или, пак, покажал склоност кон корупција.

Како што велат од Владата која е предлагач на законот, негативниот резултат на тестот за интегритет ќе биде основ за дисциплинска постапка против работникот.

Исто така, во законските измени стои дека вработениот во МВР треба „да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија“, за што мора да поднесе и изјава. Практично, се предвидува забрана за вработените за членување во политичка партија, покрај другите утврдени забрани за основање, раководење, застапување и претставување политичка партија или членување во органи и тела, и чие непочитување ќе биде еден од потешките случаи на кршење на работниот ред и дисциплина.

А, оној што ќе сака да работи во МВР, „на увид“ ќе треба да го стави и својот имот.

Односно, при засновање на работен однос во Министерството, а најдоцна во рок од 30 дена од склучувањето на договорот за вработување, работниците во Министерството поднесуваат изјава за имотна состојба и интереси, во постапка и под услови утврдени со закон.

Вработените во Министерството ќе бидат должни во рок од 30 дена да го пријават секое зголемување на нивниот имот, односно на имотот на член на нивното семејство, во вредност што надминува износ од дваесет просечни нето плати во претходниот тримесечен период, како и промена на нивните интереси.

Со законските измени, исто така, во законот се брише еден член кој се однесува на додатокот за кариера.

Дел од новите законски одредби, пак, ја менуваат постапката за утврдување на дисциплинска одговорност во Министерството, при што се предвидува тие постапки да се водат во посебна организациска единица во МВР, надлежна за спроведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на работниците.

Интересни беа забелешките на пратениците кога овие законски измени се разгледуваа во прво читање на Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието, во септември лани.

Пратеникот од ДС и поранешен  министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, рече дека одредбата која се однесува за воведување на Тестот на интегритет е добра и дека нејзината правилна примена ќе значи филтрирање на кадарот кој е вработен во МВР. Пратеникот смета дека изминатите 20 години, во МВР се имаат вработено партиски кадри од различните политички партии на власт кои при вработувањето не ги исполнувале ниту елементарните услови за вработување.

Тој има позитивно мислење за одредбата која се однесува на забраната за членство во политичка партија на лицата кои би се вработувале во МВР и укажа дека за тоа години наназад се залагаат и пратениците и голем број на меѓународни организации. Побара во второто читање, преку амандмани, да се допрецизираат одредбите кои се однесуваат на ова прашање т.е. лице кое е член на политичка партија да нема можност да се вработи во МВР. На крајот истакна дека, како пратеник, дава целосна поддршка за департизација на МВР и другите безбедносни институции.

Но, имаше и поинакви размислувања од опозицијата. Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека МВР навистина треба да се департизира, но тој се сомнева во искрената намера на предлагачите. Праша дали со овие измени ќе се постигне целосна департизација на МВР или напротив, како што рече,  целосна партизација која ќе биде пополнета од партиски кадар на СДСМ и ДУИ. Укажа и на членовите 9 и 20 од Уставот во кои е нотирано дека сите граѓани се еднакви и имаат право да членуваат, основаат и застапуваат политички партии. Постави и прашање што точно значи членување во политичка партија и на кој начин тоа би се проверувало. Според пратеникот, со овој закон ќе се даде можност за субјективност и селективност при неговото спроведување и простор за дисциплински постапки и откази за неистомислениците со партиите на власт.

Додека, пак, пратеникот Горан Мисовски од НСДП нагласи дека целта треба да биде намалувањето на политичкото влијание во МВР, со што ќе се дојде до суштината на овие предлог измени и ќе се воспостави правилен и функционален систем за работа на министерството, во кој ќе работат вистинските професионалци.

Пратеникот Панчо Минов, пак, кој делува како независен, рече дека потребата од департизација на МВР е укажувана години наназад од повеќе меѓународни фактори но дека до овој момент немало волја и сила за да се спроведе. Пратеникот побара да се размисли дали е добро да се направи допрецизирање преку подзаконски акти на одредбите кои се однесуваат за Тестот за интегритет како и одредбите кои се однесуваат за засновање работен однос во МВР без јавен оглас. На крајот побара да се размисли и за допрецизирање на одредбите од Законот кои се однесуваа на дисциплинските постапки за припадниците на МВР водени од внатрешната контрола односно да се преиспита можноста истите да ги води независна надворешна комисија со што би се елиминирало донесување на професионални солидарни одлуки за утврдување на одговорност.

Оваа комисија со седум гласа „за“ и ниту еден против и воздржани, му даде зелено светло на законот. Истото го направи и законодавно правната комисија.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината