На Самарас му се уарни- во септември повторно во САД
Објавено во: Балкан 12 Август, 2013
Грчкиот премиер Андонис Самарас планира повторно да ги посети САД во септември, објави денеска грчкиот весник „Катимерини“.
Тоа ќе биде втора посета на Самарас на САД за помалку од 45 денови, откако тој беше во Вашингтон минатата недела.
За време на втората посета на САД, грчкиот премиер ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации и ќе има средби со членови на американскиот Сенат и Конгрес.
Тема на разговор ќе биде слободната трговија меѓу Европската унија и САД, откако Грција од почетокот на следната година го презема претседателството со Унијата, како и прашањата за грчката економија и улогата на Меѓународниот монетарен фонд.
Самарас ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос.