На секој еден час 247 луѓе во светот умираат од коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 05 Август, 2020
На секои 15 секунди по еден човек умира од коронавирусот.
Тоа е еднакво на 247 луѓе кои умираат секој час.
Скоро 5.900 луѓе во просек умираат од Ковид-19 на секои 24 часа, според проценките на Ројтерс врз основа на податоците од изминатите две недели.
Најмногу жртви има во САД, Бразил, Индија и Мексико.
Бројот на смртни случаи од коронавирус во светот надмина 700.000, а бројот на заразени е скоро 19 милиони.
Светската здравствена организација (СЗО), тврди дека коронавирусот, најверојатно, потекнува од лилјаци и дека веројатно имал уште едно животно домаќин како посредник.Резултатите од истрагата на СЗО ги очекуваат научниците и владите ширум светот.
Но, од СЗО рекоа дека е можно и да нема решение за овој вирус.