На Стража забранет сообраќај за тешки товарни возила
Објавено во: Мои пари 04 Февруари, 2015 20:33
Патниот правец Дебар-Маврово кој беше затворен за сообраќај поради лавина на патот, во 14.25ч. е оспособена-исчистена една коловозна лента и по неа е дозволено одвивање на сообраќај. Од АМСМ информираат дека е укината забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак-Маврово-Дебар а исто така и на планинскиот превој Пресека. На планинскиот превој Стража е повторно е воведена забрана за движење на тешки товарни возила поради интензивни врнежи од снег. На патниот правец Катланово - Велес после наплатна Сопот поради голем одрон има забрана за движење на товарни возила а патничките се движат но наизменично по една коловозна лента.
Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива по влажни коловози поради врнежи од дожд и снег.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




