05 Декември, 2025
0.0448

Националната банка на Грција уверува: Недостигот на капитал што го откри стрес тестот е веќе надоместен!

Објавено во: Финансии 29 Октомври, 2014 10:56

Добивај вести на Viber

Заедно со други 129 банки во Европа, НБГ учествуваше во ЕУ стрес тестот, воден од страна на ЕЦБ во соработка со Банката на Грција, за делот на системски важни банки од Грција. Оценувањето, кое започна во ноември 2013г. и траеше 12 месеци, овозможува воспоставување на системот за банкарска супервизија на Европско ниво (SSM – Single Supervisory Mechanism) и е препознаен како важен чекор кон поголема транспарентност во европскиот банкарски систем, информираат денеска од банката. Вредно е да се напомене дека европските банки со одобрените планови за реструктуирање до 31.12.2013г. се оценувани по сценариото на Динамичен биланс, кој го зема предвид резултатот на горенаведените планови за реструктуирање, додека сите други банки се оценувани по сценариото на статичен биланс. Плановите за реструктуирање на грчките банки, чии планови за реструктуирање беа одобрени во 2014г. се оценувани по двете сценарија. Резултатите за НБГ се следни: -          Динамичниот стрес тест на билансот, креиран како стрес сценарио кое го зема предвид планот за реструктуирање на НБГ за периодот 2014 – 2018 усогласен со Европската комисија на 13ти јули, 2014 беше направен со примена на истата строга методологија и принципи како кај статичниот стрес тест на билансот. Динамичниот стрес тест на билансот резултираше со стапка на адекватност на основниот капитал на Банката (CET 1 ratio) од 8.9% која е 340 базични поени над минимумот од 5.5% и вишок на капитал од 2 милијарди евра. -          Статичниот стрес тест на билансот, кој се однесува на 2013 година – практично како година со најмногу предизвици за НБГ – резултира со кусок на капитал од 0.9 милијарди евра вклучително и зголемувањето на капиталот во мај 2014 година. Овој кусок е веќе покриен од остварената профитабилност на НБГ за првите 6 месеци од 2014г како и веќе завршените активности за обезбедување на дополнителен капитал. -          Согласно препораките на ЕЦБ, НБГ ќе го достави веќе одобреното сценарио од динамичниот стрес тест на билансот како капитален план кој резултира со вишок на капитал од 2 милијарди евра. Со тоа, не се потребни активности за обезбедување на дополнителен капитал. Сите горенаведени бројки не го земаат предвид дополнителниот регулаторен капитал, кој треба да биде признаен како резултат на Законот за даночен кредит, изгласан на 16ти октомври 2014 година,  во износ од 0.7 – 1.2 милијарди евра. НБГ останува фокусирана на спроведувањето на својот план за реструктуирање, финансирање на опоравувањето на грчката економија и поддржување на своите клиенти во регионот, стои во соопштението од банката, која е мнозински сопственик на Стопанска банка - Скопје. Притоа, се нагласува дека високата капитална и ликвидносна позиција на Стопанска банка АД – Скопје и понатаму ќе продолжи да биде основа на нејзината стабилност и сигурност како и на нејзинот финансиски капацитет за кредитна поддршка на економијата и домаќинствата во Република Македонија.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката