19 Декември, 2025
0.0506

Над 22 илјади пензионери уште четири години на бесплатна бања

Објавено во: Мои пари 22 Март, 2014 18:12

Добивај вести на Viber

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ги посети пензионерите во „Дебарски Бањи-Цапа“ кои ја користат бесплатната услуга за бањско-климатска рекреација што им ја овозможува државата. Тој при  посетата на пензионерите најави и дека проектот продолжува и во наредните години. - Изминатите  години од кога почнавме со реализација на проектот за бесплатна бањско-климатска рекреација на пензионерите опфатени се над 22 илјади пензионери. Ме радува фактот што денес има толку многу среќни луѓе, кои се задоволни од услугите кои ги нудат бањите, но пред се од реализиацијата на овој проект. Поради големиот интрес планираме овој проект да продолжи да се реализира, не само оваа туку и наредните години, изјави Спасов, додавајќи дека во наредните четири години се планира опфат на нови над 22 илјади пензионери. Големо задоволство од соработка со Владата во реализацијата на проектот, кој значи дополнителна поддршка за бањите во Република Македонија искажа Меџит Цапа, сопственик на бањите. - Пензионерите се воодушевени од условите, од услугите, од односот на вработените, зашто за нашите вработени важи изреката „секогаш гостинот е во право“ и дека ние постоиме за него а не тој за нас. Во првата група се стотина  пензионери  а целосно треба овдека да престојуваат 1.300 пензионери, рече Цапа. Пензионерите кои се опфатени во првата група ги има речиси од сите делови на државата, од Ресен, Битола, Скопје, Куманово, Тетово..

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција