19 Декември, 2025
0.0503

НАД 318 ИЛЈАДИ ЛУЃЕ СЕ ОШТЕТЕНИ: Тренчевска од СДСМ обвинува за измама на пензионерите

Објавено во: Финансии 25 Јули, 2025 13:19

Добивај вести на Viber

По изгласувањето на законските измени со кои сите пензионери ќе добијат зголемување на пензиите од 2.000 денари остра реакција од опозициската СДСМ, кои, како и други претходно, обвинуваат за измама на пензионерите. 

Власта спроведува историска измама на пензионерите. Со последната одлука за зголемување од само за 1.000 денари, пензионерите се оштетени не еднаш, туку двапати – во септември 2025, и уште еднаш во март 2026 година - посочи на прес-конференцијата пратеничката и некогашна министерка, Јована Тренчевска.

Таа укажа дека со ваково линеарно зголемување од 1.000 денари, Владата го укинува правичното законско усогласување – со што пензиите ќе се зголема многу повеќе.

- Механизмот што го донесе СДСМ да ги штити пензиите од инфлација и раст на трошоците за живот ќе значеше зголемивање на сите пензии за 5 отсто во септември и уште 5 проценти во март, со сегашното ниво на трошоци и плати.

Сега, 92,5 отсто од сите пензионери – над 318.000 луѓе – се оштетени и ќе добијат помали пензии отколку што реално им следува и заслужиле.

Некои помали дури и за 2.000 денари, некои помали и за 4.000 денари.

Ете толку им краде владата на пензионерите во септември и март - потенцираше Тренчевска.

Таа дополнува дека со измените само 7,5 отсто од пензионерите ќе добијат некаква корист, и тоа – помалку од тоа што им следува и го заслужиле.

- Ова не е „повисока пензија“, ова е системска измама и пресметан грабеж.

Погрешните политики на Владата на Мицкоски се рецепт за сиромаштија на пензионерите.

Инфлацијата во земјата изнесува 4,5 проценти – што директно го јаде животниот стандард на пензионерите. Трошоците за живот пораснаа за над 6.000 денари годишно.

А дефицитот на ПИОМ фондот надминува 47 отсто и секојдневно расте. Ова е сериозен аларм и загрозување на исплатата на пензиите во иднина - укажа таа. 

Потоа дополни дека луѓето кои целиот живот го посветиле на работа, на земјата, на општеството не заслужувата ваков однос од сопствената власт.

- Не смееме да дозволиме оние што ги изградиле училиштата, болниците, патиштата, фабриките – денес да живеат со страв од сметки, со скратена пензија, со чувство дека се заборавени.

Пензинерите не бараат милостина, им следува она што со години, со труд и одрекување, го заслужиле - потенцираше Тренчевска во име на СДСМ. 

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми