НАД 40 ПОВРЕДЕНИ И ПЕТ ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: на терен и понатаму екипи за спасување
Објавено во: Свет 21 Јуни, 2024
Пет лица загинаа, а десетици се повредени, од кои 10 сериозно, додека шумските пожари зафатија неколку села во југоисточна Турција во текот на ноќта, објави рано утрово министерот за здравство на Турција.
„Во пожарот што избувна во населбата Коксалан и селото Јазчичи во округот Чинар во Дијарбакир и селата Јуџебаг и Јеткинлер во мардинската област Мазидаги, животот го загубија 5 лица, а 44 лица беа повредени од пожарот, од кои 10 потешко.
Загубивме 3 животи во Дијарбакир и 2 во Мардин. Поради инцидентот распоредени се 35 екипи на Брзата помош и 7 екипи на УМКЕ. На загинатите и повредените им посакувам Божја милост и изразувам сочувство за изгубените животи“, напиша министерот за здравство Фахретин Коџа на X, поранешен Твитер.
Diyarbakır’ın Çınar ilçesinin Köksalan mahallesi ve Yazçiçeği köyü ile Mardin’in Mazıdağı ilçesi Yücebağ ve Yetkinler köyünde meydana gelen yangında 5 kişi hayatını kaybetti, 10’u ağır 44 kişi yangından etkilendi. Diyarbakır’da 3, Mardin’de 2 can kaybımız var. Olay sebebi ile 35…
— Dr. Fahrettin Koca (@drfahrettinkoca) June 21, 2024
Фото: Принтскрин/Твитер