08 Октомври, 2024
0.0290

Над шестотини лица каснати од куче годинава: Три до пет лица дневно бараат лекарска помош на Инфективно

Објавено во: Македонија 08 Август, 2019

Добивај вести на Viber

В Центар, во парк, на улица, на кеј, каде и да се завртиш има по неколку кучиња кои живеат на улица. Граѓаните се жалат и велат дека живеат во страв, но исто така и нивното лаење во текот на ноќта ги вознемирува.

Иако сеуште сме на средина од 2019 година, досега на Клиниката за инфективни болести во Скопје се прегледани 652 лица, од кои 591 пацинет е третиран со антитенаична профилакса или заштита од тетунус, а 31 пациент со АТ и антирабична профилакса или заштита од беснило.

Минатата 2018 година 1297 лица побарале лекарска помош поради каснување од куче, додека 2016 година нивниот број изнесувал 926, што покажува дека во текот на годините расте бројот на граѓани каснати од куче.

Податоците на Клиниката покажуваат дека од три до пет лица во просек дневно бараат лекарска помош, најчесто каснати биле возрасни лица.

Сведоштва на скопјани велат дека околу 30 лица дневно периодов чекаат пред клиниките за да ја примат терапија за каснување од куче.

Каснатите граѓани веднаш по пријавата ги добиваат и потребните вакцини и инјекции кои ФЗОМ го чинат и по неколку десетици илјади денари, но колку вкупно годишно се троши на терапијата за пациенти каснати од куче не открија од Клиниката за инфектологија.

Но, уверуваат дека редовно ја има потребната терапија за каснати пацинети.

Фактор, пред неколку дена се обрати и до Град Скопје за бројот на тужби кои ги добиле од граѓани каснати од куче и колку годишно градските власти исплаќаат оштета, но оттаму не ни открија колку досега исплатиле на „жртвите“, но во зависност од тужбата се исплаќа од 60.000 до 180.000 денари, целата тема прочитајте ја овде.

Летото е сезона на прошетки, одмори и кампување на отворено, затоа се зачестени и каснувања од змија, од Инфективната клиника ги уверуваат граѓаните дека има доволен број и на серуми за каснување од змија.

Н.М.

Можеби ќе ве интересира

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден