05 Декември, 2025
0.0522

НАДВОРЕШЕН ДОЛГ 71,6% ОД БДП: Како растеа долговите?

Објавено во: Финансии 02 Октомври, 2014 08:44

Добивај вести на Viber

Не запира трендот на пораст на надворешната задолженост. Според новите податоци на Народната Банка, Бруто Надворешниот долг на Македонија, заклучно со првото економско полугодие достигна 5 милијарди и 741 милион евра или 71,66% од Бруто Домашниот Производ. Според структурата на должниците, најголем дел од долгот отпаѓа на Владата и на останатите сектори, во кои спаѓа и приватниот сектор. Еве кој колку должи кон странство: Долг на државата 1,6 милијарди евра Долг на НБРМ 378 милиони евра Долг на останати сектори 1,9 милијарди евра Обврски, др.инвестиции 1,2 милијарди евра Според податоците на НБРМ, во вториот квартал од годинава во споредба со првиот квартал, Бруто надворешниот долг се зголемил за 113 милиони евра, при што раст има и кај краткорочните и кај долгорочните задолжувања. Еве колку изнесуваат надворешните долгови: Долгорочен долг 4,0 милијарди евра Краткорочен долг 1,7 милијарди евра Еве како се движеше трендот на раст на долгот, како процент од БДП: 2014 ( II квартал) 71,66% 2013 63,03% 2012 69,39% 2011 64,86% 2010 58,18% 2009 56,40% 2008 49,17% Заклучно со првото полугодие, Јавниот долг кон надвор изнесува 2 милијарди 585 милиони евра или 32,7% од БДП. Според последните податоци на Министерството за финансии, во јули Долгот на Централната Влада надмина 2 милијарди евра или 40,8% од БДП, ниво кое се смета за едно од историски највисоките. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката