05 Декември, 2025
0.0353

НАДВОРЕШЕН ДОЛГ: За три месеци – пораст од 400 милиони евра!

Објавено во: Финансии 01 Јули, 2014 15:57

Добивај вести на Viber

Само за три месеци, или во првиот квартал од годинава во однос на последниот кавртал од лани Бруто Надворешниот долг на Макоеднија се зголемил за 407 милиони евра. Според најновите податоци на Народната Банка, изработени според новата методологија која е во согласност со стандардите на Меѓународниот монетарен фонд, Бруто надворешниот долг заклучно со март изнесува 5 милијарди 617 милиони евра, додека на крајот на 2013 та година ова ниво изнесувало 5 милијарди и 210 милиони евра. Народната Банка објави дека од сега па натаму ќе спроведува мерња на дел од економските трендови и показатали според нова методологија. “Податоците за платниот биланс за април 2014 година, меѓународната инвестициска позиција за првиот квартал од 2014 година и бруто надворешниот долг и бруто надворешните побарувања за првиот квартал од 2014 година се објавени во нови стандардни извештаи, во кои одделни категории имаат изменета содржина и структура“, посочуваат од НБРМ. Според податоците базирани врз новата методологија, значаен пораст има кај Јавниот долг чие ниво на крајот на март годинава изнесува 2,5 милијарди евра или 31,29% од БДП. Само за три месеци Јавниот долг, кој ги вклучува долговите на државата е зголемен за 334 милиони евра. Новото методолошко мерење покажува дека кај државата има пораст и кај краткорочните и кај долгорочните задолжувања. Така, на крајот на март, државата по основ на краткорочни кредити должи 1 милијарда и 626 милиони евра додека нивото на долгорочни долгови изнесува 1 милијарда 616 милиони евра. Според податоците на Министерството за финансии, Јавниот долг на Централната Влада заклучно со мај изнесува повеќе од 2 милијарди и 818 милиони евра или 34,9 проценти од БДП и во однос на април е забележан раст од 0,1 процентен поен.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката